Пејачката Лидија Кочовска во костим за капење – без Фотошоп и без шминка, ужива на песочна плажа
Блеска во своето 100 % природно летно издание
Пејачката Лидија Кочовска ги изненади сите со своите последни фотки што ги објави на социјалните мрежи.
Пејачката која веќе со години важи за еден од нашите најквалитетни вокали и која работи во МОБ овој пат позираше во костим за капење на плажа и со ова свое издание ги изненади сите.
На една од фотографиите таа имаше и квики-перек во устата, па нејзиниот колега Влатко Груевски во шега и напиша:
„Да ти будем квика в’ уста“, напиша оперскиот тенор и додаде неколку емотиконки со смешковци и срценце.
Пејачката на неколку фотографии се сликаше одблиску така што во фокусот беа нејзините преубави, тиркизно сини очи, а како изгледаше во ова свое издание, погледнете од галеријата во продолжение…
Потсетуваме, Лидија откако се појави на музичката сцена важи за еден од најмоќните вокали кај нас.
Таа веќе со години работи во МОБ, а и нејзината сестра Тања Кочовска е позната пејачка, но и една од нашите најдобри актерки.
Тие потекнуваат од познато музичко семејство – нивните родители Невена и Панче беа дел од култниот ансамбл „Мањифико“.
Основач на „Мањифико“ беше Пантелеј Кочовски Панче, сопругот на Невена и таткото на Лидија и Тања.
Тие сите заедно последен пат настапија во февруари 2017, кога со изведбата на мексиканската песна Мама Хуанита беше одбележано признанието Златна Буба Мара за животното дело на легендарниот состав.