Илина Арсова за иселувањето од земјава: „Не си одат младите зашто нема работа тука“
Познатата алпинистка ги воодушеви следбениците со нејзината објава.
Сите ќе се согласите со овој цитат.
Има 42 години, а зад себе многу успеси, а кои малку се зборува кај нас.
ФОТО: Инстаграм / Илина Арсова
Илина Арсова има дипломирано на Факултетот за ликовна уметност и како ликовен уметник реализирала над десет самостојни изложби во Македонија и во странство, а учествувала на истакнати групни изложби и биеналиња.
Од 2006 година почнува посериозно да им се посветува на планинските спортови (планинарење, алпинизам, слободно скијање, летање, качување по карпи и планински велосипедизам).
ФОТО: Инстаграм / Илина Арсова
Таа успева да искачи пет од седумте највисоки врвови, на 5 различни континенти и станува првата жена Македонка која се искачува на Монт Еверест.
Илина веќе извесно време живее во Тенеси каде започна да работи како професорка на Универзитетот Тенеси.
ФОТО: Инстаграм / Илина Арсова
Летово се врати во својата родна земја од каде често споделуваше фотографии и снимки од тоа како го поминува времето.
Охрид е нејино омилен град и претпочита да биде таму, додека престојува во Македонија, но е пожали на високите цени годинава.
ФОТО: Инстаграм / Илина Арсова
Илина одлучи да даде свое мислење во врска со масовното иселување на младите од земјава и сподели твит со кој ќе се согласите сите.