Нашата пејачка со ангелски глас ужива на плажа – ги прекрсти нозете и ја истакна совршената фигура
Македонската фолк пејачка освен што прекрасно пее, подеднакво исто и изгледа.
Кате Соната ја покажа совршената фигура во костим за капење.
Катерина Брезева во јавноста позната како Кате Соната е една од најдобрите македонски пејачки.
ФОТО: Фејсбук / Трајче Кате Ана Соната
Со нејзиниот извонреден, ангелски глас никој не остава рамнодушен.
Приватно е и мајка и сопруга.
ФОТО: Фејсбук / Трајче Кате Ана Соната
Во 2019 година, по 18 години врска, заплови во брачните води со нејзиниот колега Трајче Бондиков, со кој ја сочинуваат групата Соната.
Тие се одлучија за мала, интимна венчавка пред да се роди нивното прво дете.
ФОТО: Фејсбук / Трајче Кате Ана Соната
Нивна прва радост е ќеркичката Ана.
Секој слободен момент парот го користи да отиде негде покрај вода и да се разлади во овие жешки денови.
ФОТО: Фејсбук / Трајче Кате Ана Соната
Овој пат тие се на море од каде споделија неколку фотографии, но една привлече големо внимание.
На неа Кате позира во розов костим за капење и буквално изгледа како барбика.
ФОТО: Фејсбук / Трајче Кате Ана Соната
Кате оже да се пофали со извонредна фигура на која ќе позавиди секоја девојка.
Од почетокот на кариерата досега таа се нема воопшто променето.
Дали ќе се сложите?