Милорад Миновски ја соопшти најубавата вест – неговата сакана се породи, еве како го крстија бебето
Нашиот репрезентативец стана татко
Кошаркарот сподели преубава вест!
Сопругата на Милорад Миновски, нашиот репрезентативец во баскет, се породи, а кошаркарот среќната вест ја сподели на Инстаграм.
Тој објави фотографии од приватната болница во која се породи неговата сакана Мартина Илиеска, а го откри и името на бебето.
„Пристигна Нала! Жива, здрава, среќна и сакана. Добредојде радост најголема, те сакаат Мама и Тато“, напиша Мичо на Инстаграм.
Инстаграм/ Мичо Миновски
И како што може да видиме, и мама е во одлична состојба по породувањето, па сите заедно си заминаа среќно дома.
Инстаграм/ Мичо Миновски
Потсетуваме, Милорад ја запроси својата сакана пред неколку месеци, веднаш по новогодишните празници.
Инстаграм/ Мичо Миновски
Тогаш нашиот репрезентативец во баскет 3х3 на својот Инстаграм објави неколку фотографии од запросувањето и ги изненади сите, а најповеќе својата сакана со романтичниот начин на кој го направи тоа.
Инстаграм/ Мичо Миновски
Инаку, Милорад пред неколку години беше дел од српското реално шоу „Задруга“, а едно време беше во врска со Андријана Петрушовска, атрактивната македонска пејачка којашто се прослави популарното музичко талент-шоу „Ѕвездите на Гранд“.