Светлана ја запали Хрватска со своето тело во бикини – годините не значат ништо кога е таа во прашање
Таа важи за една од најзгодните жени во Македонија, а кога ќе ги погледнеме овие фотографии апсолутно ни е јасно зошто е тоа така.
Гостиварска убавица што остава без здив
Светлана Црнокрак ова лето се одмара во Хрватска, а со една од своите последни објави направи хаос на социјалните мрежи.
Познато е дека Светлана ја негува својата природна убавина и дека фотографиите никогаш не ги доработува во некои апликации.
Но и без фотошоп оваа жена изгледа извонредно, посебно кога ќе го „спакува“ своето згодно тело во едно вакво издание.
Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Имено, нашата поранешна манекенка објави неколку фотографии под кои се уште се нижат коментари а сметка на нејзината убавина.
Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Светлана за оваа пригода носеше дводелен модел на костим за капење од кои долниот беше во сина, а горниот во жолта боја.
Таа со овој модел го нагласи своето деколте, но го покажа и рамниот стомак како и феноменално обликуваните нозе и по кој знае кој пат ја оправда титулата за една од најзгодните жени во Македонија.
Фејсбук/ Светлана Црнокрак
„Преубаво изгледаш, како насловните страници на светските магазини“, „Згодна“, „Перфектна“, беа само некои од коментарите под фотографиите на оваа гостиварска убавица на која годините не и можат ништо.
Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Потсетуваме, Светлана оваа година го прослави својот 48 роденден, а најубавите честитки ги доби од своите ќерки, Моника и Нина.
Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Таа на македонската модна сцена зачекорува на своја 17-годишна возраст, а веќе долги години е во брак со својот колега, Мики Црнокрак.
Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Светлана денес е успешна жена, сопруга и мајка, која секогаш се труди да биде средена и негувана, а со овие објави докажа и дека потполно заслужено ја носи титулата за една од најубавите и најзгодните познати жени во Македонија.