Реклама
Стил

Шлицот никогаш подлабок, голи нозе и сандали од милион долари – Агнеса се надмина и самата себеси

Позираше во издание достојно за црвениот килим

Реклама

Мами воздишки што и да облече

Познатата инфлуенсерка од Скопје Агнеса Органџиева, поранешна сопруга на екс-директорот на АЕК, Роберт Ордановски, не престанува да им го привлекува вниманието на сите каде и да се појави.

Тоа впрочем се однесува и на нејзиниот профил на социјалните мрежи каде таа речиси секојдневно споделува објави кои едноставно не можат да поминат незабележано, како од жените, така и од мажите.

Маркетинг

Впрочем така беше и сега кога позираше во издание за кое е малку да речеме дека изгледа како милион долари во кеш.

Маркетинг
Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Имено, Органџиева овој пат избра долга тоалета во тиркизна боја со која би го украла шуто и на црвениот килим.

На нејзиниот исончан тен и убава, долга руса коса оваа нијанса стои неодоливо, посебно во комбинација со гламурозните сандали, малата плико чантичка и преубавата огрлица во светли нијанси.

Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Креацијата што ја носеше беше со тенки прерамки, со должина до подот, но и длабок шлиц кој ги откри убавите нозе на згодната Агнеса.

Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Посебно внимание привлече и со сандалите кои беа со платформа, но имаа и опасно високи штикли, како и со пораката што ја напиша, а во која што ја цитираше легендарната Коко Шанел:

„Облечи се како денес да треба да го сретнеш твојот најголем непријател“, напиша под фотографијата Агнеса.

Погледнете уште неколку шик изданија на Агнеса од ова лето:

Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button