Пејачот Спасен Сиљаноски сподели преубава вест, пристигнуваат честитки од сите страни (фото)
Еве како познатиот пејач му го прослави роденденот на својот син
Наследникот на Спасен го прослави роденденот
Синот на фолк-пејачот Спасен Сиљаноски, Арсениј, вчера славеше роденден со своите другарчиња, а гордиот татко објави една фотографија од прославата на која се гледа и преубавата торта.
Покрај малиот Арсениј седеше и неговата сестричка Мила, а Спасен објави и едно интересно видео од неговата сопруга.
Имено, фотографија од малиот славеник сподели и сопругата на Спасен, Ана, а под истата ги напиша следниве зборови:
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
„Среќен роденден локумче мое“, да си ми жив и здрав, напиша сопругата на Спасен под фотографијата на Фејсбук.
Фејсбук/ Ана Сиљаноска
Ана потоа го сподели и видеото што најверојатно го сними Спасен, а на кое се гледа како таа си игра со нивниот миленик.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Станува збор за куче шарпланинец, Оскар, кој Спасен го чува кај неговите во кичевското село Пополжани.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Потсетуваме, Спасен често споделува моменти од неговиот семеен живот, посебно кога ќе има време да ги посети неговите родители.
Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Пејачот не крие дека најубаво му е кога е во својот роден крај, а тоа впрочем може да се забележи и од неговите објави.
Спасен тоа го покажа и неодамна кога објави неколку фотографии од природа во близина на река Треска, со кои ги воодушеви сите.
На фотографиите е тој со неговите најблиски, а како Спасен уживаше и тогаш, погледнете во продолжение…