Лудило пред камери: Зоки Фаци ѝ го лижеше стапалото на македонската пејачка – публиката во транс
Камерите не му беа проблем да го направи ова.
Познатиот водител умее да направи шоу во секој момент.
Зоран Василевски или како што го знае публиката Зоки Фаци отсекогаш се вбројувал меѓу контроверзните јавни личности кај нас.
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
Тој е експерт за шоу-бизнис и точно знае што ќе помине кај публиката и ќе донесе голема гледаност.
Пред извесно време малку се повлече од медиумите, поради неговата битка со канцерот.
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
Откако заврши со хемотерапиите Зоки се врати на сцената посилен од кога било.
Тој ја обожава својата работа и мора да се признае дека е роден за да биде водител.
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
Веќе долго време е дел од поткастот на јутуберот Стефан Лазаров, „Без лимит“.
Ова е најгледаниот поткаст во Македонија, а нивни гости се секогаш најуспешните македонски личности, кои имаат силна приказна да раскажат.
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
Во текот на летово поткастот ќе се емитува од Охрид, под отворено небо.
Пејачката и кралица на бакшишот, Марија Луиса беше гостинка во нивниот поткаст и направија вистинско шоу за гледачите.
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
Марија откри дека најмногу ја привлекуваат мажи кои одлично изгледаат и убаво мирисаат, но и дека ѝ е привлечно кога мажот има убави стапала, прсти и нокти на нозете.
Ова го мотивираше Зоки да демонстрира како изгледа кога н некој му се фетиш стапала, па ѝ го зема стапалото на Марија и почна да го лиже.
Ова предизвика силно смеење кај сите меѓу нив, но и кај гледачите.