Оваа фотографија ќе разбуди убави спомени кај сите кои растеа во 90-тите.
Периодот од 1990 до 2010 година беше златно време за македонската естрада.
ФОТО: Фејсбук
Пејачите и актерите работеа со полна пареа.
Постојано се снимаа нови песни, серии, се бараше билет повеќе за на театар, на телевизија се емитуваа филмови и серии од македонска продукција.
ФОТО: Фејсбук
Песните кои тогаш беа испеани се пеат ден денес и бе нив не може да се замисли ниу една прослава.
За жал, некои од македонските актери, пејачи и водители повеќе не се меѓу нас, но зад себе оставиле бесценети дела преку кои вечно ќе се паметат.
ФОТО: Принтскрин
Пејачката и водителка Вики Среброва сподели фотографија на Фејсбук со која ги воодушеви сите.
Оваа фотографија никој ја немаше видено досега.
ФОТО: Фејсбук
На неа се легендарните имиња од светот на музиката и филмот, кои со душа и огромна љубов ја работеа својата работа.
Есма, Ванчо Петрушевски, Блага Петреска, Адријна Алачки и Ирена Спасовска, Игор Џамбазов, Ѓорѓи Колозов, Ристо Бомбата, Драган Мијалковски, Ристо Самарџиев, Војо Стојановски, Џокси, Гоце Тодоровски, Гоце Аранудов, Пепи Бафтировски, Драган Вучиќ… и уште многу други, токму во цутот на младоста, на снимање во студиото на МРТВ.
Фотографија која никогаш повеќе нема да се повтори!