Реклама
Наши ѕвезди

Елена со емотивни зборови за својот починат татко – фотографијата што ја објави ги расплака сите

„Ех да можам да го вратам времето“

Реклама

Беше со него до последниот момент

Елена Ристеска пред осум години остана без својот татко кој почина од рак, а пејачката до крај беше со него.

Нејзиниот татко Ацко две години беше болен од рак пред да ја изгуби битката, а на Елена и беше најголема поддршка во животот.

Маркетинг

Елена во една пригода, во интервју за Гламур, откри дека тетоважата што ја има на раката, знакот на бесконечноста поврзан со буквата А, всушност преставува бесконечната љубов што ја чувствува кон него.

Маркетинг
Инстаграм/ Елена Ристеска

Елена и нејзината мајка Деса и сестра Драгица се уште не ја преболеле загубата, па пејачката на овој посебен се огласи со емотивна порака.

Инстаграм/ Елена Ристеска

Имено, да беше жив нејзиниот татко сега сите заедно ќе го славеа неговиот роденден, па Елена го напиша следново:

„Осми роденден без тебе тато. 🖤Кога ја пишував песнава, како да ја пишував за тебе: Ех, да можам да го вратам времето, ех, да можам да те вратам со него. Тогаш сѐ би било знај совршено, Јас и ти би биле среќни заедно“, напиша Елена на Инстаграм објавувајќи заедничка семејна фотографија на која е и нејзиниот татко.

Инстаграм/ Елена Ристеска

Не крие колку ѝ недостига нејзиниот татко

Елена досега многу пати отворено има зборувано за тоа колку и било тешко додека се соочувала со болеста на својот татко, но и по неговата смрт. Раната која што ја остави неговото прерано заминување никогаш нема да зарасне, а најголема потпора и беа токму мајката Деса и сестрата Драгица со кои таа е мошне поврзана.

„Знам дека си горд на мене и дека сè гледаш и сè слушаш и знам дека уште повеќе беше горд кога пеев и нижев успеси со музиката, но само ти можеш да ме разбереш кога душата ми тагува и не ѝ е до песна, и кога целиот предизвик, елан и мотивација ќе ти избегаат некаде далеку. И затоа полесно ми е да работам нешто друго а не музика. Ама ветувам пак ќе пеам како некогаш, ти го должам тоа тебе за да се гордееш од горе и секако на тие кои ме сакаат. Ти напишав јас песна, ама кога ќе соберам храброст и сила ќе ја објавам …“ напиша Елена пред неколку години, на петгодишнината од смртта на својот татко.

Инстаграм/ Елена Ристеска

Инстаграм/ Елена Ристеска

Инстаграм/ Елена Ристеска

Инстаграм/ Елена Ристеска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button