Тага до небото: Почина родената сестра на познатата фолк-пејачка – ја изгуби битката од опаката болест
И пејачката со години се бореше со канцер
Почина родената сестра на познатата пејачка Мира Шкориќ, Билјана, која ја изгуби битката со опаката болест.
Тажната вест за семејството пристигна во раните утрински часови, а пејачката се уште се нема огласено во медиумите.
Мира и нејзината сестра Билјана отсекогаш биле многу блиски, а пејачката тоа во многу интервјуа го има истакнато.
Инстаграм/ Мира Шкориќ
Како што пренесуваат медиумите, и Мира боледувала од истата болест, за која повеќе пати има зборувано во медиумите.
Инстаграм/ Мира Шкориќ
Таа борбата со карцином на штитната жлезда ја водеше повеќе од 15 години, а најголема поддршка имала токму од семејството.
Инстаграм/ Мира Шкориќ
„Тие постојано ми даваа храброст, постојано ми се јавуваа да ме прашаат како сум. Иако сум сега добро, се уште одам на прегледи и зимам терапија превентивно“, изјави во една пригода познатата пејачка.
„Цел живот работам на тоа да го изградам имунитетот, морам така заради ситуацијата и секако дека тоа не е лесно. Јас 15 години се борам со карцином, пред тоа никогаш не сум водела сметка за здравјето, некако бев невнимателна и потполно случајно дознав за болеста“, изјави Мира своевремено додавајќи дека спонтано отишла на преглед затоа што почувствувала замор.
Инстаграм/ Мира Шкориќ
„Подоцна ме дочека дијагноза која не можев ни да помислам дека ќе ми се случи. Ги игнорирав симптомите се додека на вратот над клучната коска не ми се појави лимфната жлезда“.
Инстаграм/ Мира Шкориќ
„Потоа ќе слушнете со што се соочувате, кога докторот ми кажа дека имам канцер, прво одбивав да поверувам во тоа“, зборуваше познатата пејачка потполн искрено за српскиот Курир.