ИнтервјуНега и здравје

Неколку совети на нашата докторка Маја кога се уринарните инфекции во прашање

Ако сте загрижени за уринарните инфекции кои се честа појава во летните денови одговорите ќе ги најдете во краткиот разговор со др. Маја Милованчева Поповска спец. интернист нефролог

Реклама
Реклама

За сите оние што се загрижени за летниот одмор поради циститис или уринарни инфекции и како да се однесуваме доколку имаме ваков проблем, одговори побаравме од др. Маја Милованчева Поповска специјалист интернист нефролог.

Во продолжение др. Маја за Гламур ги појаснува следниве дилеми.

Дали навистина воспалението на мочниот меур е почесто во лето?

Во лето една мисла нас жените посебно нé вознемирува. Мислата за нашиот мочен меур кој може да стане “жртва” на летото ако не внимаваме.

Маркетинг

Др. Маја Милованчева Поповска, специјалист интернист нефролог, во емисијат Ваш термин

Циститот е инфекција на мочниот меур и е честа во лето. Летото е шпиц сезона. Независно каде живеете, симптомите, причините и текот се исти. Инфекцијата е почеста отколку што се мисли, најчесто е предизвикана од бактеријата Е. коли и е почеста кај жени.

Маркетинг

Проблемот иако е “обичен” е непријатен и вознемирувачки, особено во време кога сакаме да се опуштиме и да уживаме во одморот.

Кои се симптомите?

Жените се анатомски попредиспонирани за развој на уринарни инфекциии. Симптомите лесно се препознаваат: ургентност за мокрење, често мокрење на мали количини на урина, жарење, потемна урина која непријатно мириса, болка за време на сексуален однос, болка во долен дел на стомакот и ректална болка кај мажи, бранови на топлина и студ, нервоза, непријатни сензации.

Фото: Unsplash

Кога треба да побараме докторска помош?

Уринарната инфекција може да се прошири на бубрезите и да доведе до сериозни проблеми. Ако имате треска, температура, гадење, повраќање, болка во слабините побарајте доктор!

Дали има поврзаност меѓу цистиtот и тоа што го јадеме и пиеме?

Одредени видови храна може да ги влошат симптомите, лута, кисела, пржена или прејако зачинета храна, благи газирани пијалоци, алкохол, кафе, сок од домати, вештачки засладувачи.

Лубеница, грозје, јогурт, чај од слез, магдонос, ѓумбир може да ги ублажат симптомите. Брусницата содржи природни супстанци кои превенираат бактериите да се закачат на слузокожата на мочниот меур.

Дали треба да пиеме чај и кафе или не?

Сем ако не се пие прекумерно нема опасност од дехидратација. Кофеинот има диуретски ефект ако се внесе повеќе од 400 милиграми, околу 4 шољи кафе или 8 шољи чај. Сепак, ако сте љубител на кафе но имате повторувачки цистити обидете се со декофеинизирано кафе.

 Зошто летото нѐ загрижува?

Кога е топло повеќе се потиме и може да дехидрираме. Телото веднаш детектира малку течност и реагира со намалување на излачената урина.

Ако приметите дека поретко одите во тоалет или урината е потемна може да сте дехидрирани. Урината е поконцентрирана, подолго време останува во мочниот меур и микрооганизмите се размножуваат.

Фото: Unsplash

Може ли пливањето да предизвика уринарна инфекција?

Ако пливаме во загадена вода бактериите може да се закачат на костимот за капење или на кожата околу гениталиите. Тесниот костим за капење кој е топол и влажен обезбедува перфектни услови за раст на бактериите. Преку мочниот канал тие патуваат до мочниот меур каде се размножуваат.

Дали треба да избегнуваме базени?

Базените се полни со микроорганизми предизвикани од децата и од возрасните. Урина, фекални материи и желудочен содржај – сите тие може да се ризик по здравјето за пливачите. Најважно е базенот регуларно да се чисти и дезинфицира со хлор.

Бидете сигурни дека базенот има чиста, јасно сина вода. Тоа сепак  не значи дека во водата нема мали, невидливи со голо око, бактерии кои ги демнат пливачите. Со туширањето пред влегување во базен се отстранува нечистотијата од телото која би можела да се подели со секој кој ќе ја користи истата вода во базенот.

Фото: Unsplash

Може ли да патуваме ако имаме циститис?

Циститисот не е сериозна инфекција и нема причина да ги менувате плановите за пат, освен ако докторот ве советувал поинаку. Бидете сигурни дека секогаш имате доволно вода за пиење додека патувате за да избегнете дехидрација и редовно да мокрите, на 3-4 часа.

Дали почестото измивање го намалува ризикот?

Во лето се потиме, во искушение сме почесто да се миеме што може да ја оштети чувствителната кожа на гениталната регија, а бактериите добро напредуваат на оштетената кожа. Затоа, оладете се под туш, но не се тријте со сапун секој час! Повеќето бактерии кои предизвикуваат циститис доаѓаат од цревата. Стекнете навика по тоалет секогаш да се бришете од напред кон назад.

Фото: Unsplash

Кои се мерки на претпазливост за да се намали ризикот од циститис во тек на одмор?

Повеќе надворешни фактори допринесуваат за појава на уринарна инфекција на одмор. Трите главни причини за цистит, со кои може да се претера во тек на одмор се сексуалната активност, алкохолот и топлината. За да се ослободите од стравот и да уживате во одморот потребно е:

Да се туширате пред и по пливање. Пред да влезете во базен истуширајте се. Избањајте ги децата, особено задникот, пред пливање. Мали, невидливи количини на фекални материи може да завршат во базенот. Измијте ги рацете со сапун по употреба на тоалет.

Превлечете се во сув костим што поскоро откако ќе излезете од вода. Влажниот костим за капење создадава поволна средина за опстанок на бактериите. Исперете го костимот по секоја употреба.

Избегнувајте пливање кога имате дијареа, бактериите од течните столици полесно влегуваат во уринарниот тракт кога сте во вода.

Пијте повеќе вода за да се задоволат потебите на телото и за да се исплават бактериите од мочниот меур.

Контролирајте го внесот на алкохол. Кога одиме на одмор се случува да си дозволиме да пиеме повеќе алкохол кој може да го иритира мочниот меур и да води до дехидрација. Затоа помеѓу секој алкохолен пијалок испијте чаша вода.

Внимавајте кога имате секс. Жените се особено осетливи на циститис по сексуален однос. Сексуалниот однос го олеснува движењето на бактериите и нивниот влез во мочниот канал и мочниот меур. Најдобо е по сексуален однос да мокрите и да го изпразните мочниот меур. Кај некои жени помага да се земе една доза на антибиотик после секс.

Земете лекови со себе ако имате почести цистити и сте загрижени да не ви се повтори додека сте на одмор.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button