Летните одмори знаат да бидат за децата малку проблематични во однос и кога станува збор за сончањето и капењето.
За да дознаеме нешто повеќе околу овие дилеми на родителите поразговаравме и побаравме насоки од м-р, д-р.спец. Ангелчо Андоновски, педијатар. Во продолжение може да се информирате за сите детали и дилеми околу овие прашања.
Децата секогаш се радосни и со нетрпение очекуваат да одат најчесто на море но може и планина, езеро или некоја друга егзотична дестинација. Вообичаено тогаш за време на одморите , родителите иако секоја година се враќаат поискусни со ново искуство, сепак прашањата повторно постојат.
Маркетинг
Како, зошто и што се е потребно за еден безгрижен летен одмор. Ќе ја започнеме оваа сторија со еден непобитен и важен факт , Сонцето.
Како се развива светот така и сонцето станува премногу силно , високото УВ зрачење го достигнува својот максимум поготово за време на летниот период, советува д-р. спец. Ангелчо Андоновски.
M-р. Д-р. спец. Ангелчо Андоновски во емисијата Ваш термин
Посебно да внимаваме на кожата
Кожата поготово нежната детска кожа која е и воедно најголемиот орган во нашето тело е секогаш најекспонирана и е секогаш зафатена од штетното зрачење од сонцето .
Децата треба да престојуваат на сонце само рано наутро и доцна попладне. Доколку не сте во можност во најтоплиот дел од денот да се вратите во разладената соба и да им овозможите на децата одмор од сонцето и метежот, изберете плажа со природна ладовина од дрвја. Помалите деца можат да отспијат, а постарите ќе си играат без опасност да изгорат на сонцето.
Изгорениците од сонце не се ништо помалку опасни од полевање со врела вода, напротив, обично е зафатено целото тело. Поради многу поголема содржина на вода и специфичниот метаболизам на вода и сол, малото дете е посебно чувствително на дехидратација, сончаница, топлотен удар
Секогаш е добредојден дебел слој од крем со најголем заштитен фактор (кој ќе го повторувате секогаш кога ќе излезе од вода), доволно обична вода или разреден сок во шише и природна ладовина, сè најдобар начин да ги избегнете замките од предолг престој на плажа.
Фото: Унсплаш
Доколку навечер забележите дека детето поцрвенело или се жали на болки по кожата, истуширајте го со млака вода, дајте му вода повеќе од обично, намачкајте во дебел слој хранлив крем приспособен на возраста. Наредните неколку денови ќе мора да престојува во ладовина, а во вода можете да го пуштите во бела, памучна маичка која ги покрива изгорените делови на телото (обично прво „страдаат“ рамењата).
Исхраната е различна за различна возраст , Доенчето кое се храни со мајчино млеко нема проблеми со исхраната на плажа, мајката може секогаш да му понуди хигиенски исправен оброк. Доколку бебето зема адаптирана формула, никогаш не ја носете на плажа туку веќе подготвено шише топло млеко.
Користете вода во шише
Најмалото дете треба да си го задржи истиот ритам, количина и квалитет на храна и вода.
Зголемете ја количината на вода која ја нудите на децата на која било возраст, користете вода во шише. За ужинка на плажа понесете сув кекс, измиено овошје, избегнувајте сладолед „на точење“, крофни со крем и сè што може да биде со непроверена свежина и хигиенска исправност.
Најчест здравствен проблем кој ќе го расипе летувањето се токму труењата со храна, а домашното лекување е често невозможно, па децата поради надомест на вода и електролити се сместуваат во болница.
Фото: Унсплаш
Заштита од убоди на инсекти е важен момент и треба секогаш да ни биде на ум , токму поради опасноста од силна алергиска реакција , затоа задолжително користете репелент а на местото на убодот задолжително локален антихистамиснки крем или гел.
Следете ја рекцијата на организмот после каснувањето за да се избегнат понатамошни силни алергиски реакции.
Задолжителна летна аптека
Ќе ги понесете истите лекови кои секогаш ги имате дома: сируп за намалување на температурата и болките, кесичка раствор за пиење електролит (во случај на повраќање или пролив), алкохол, фластер, стерилна газа, сируп за алергија.
Пробиотикот секогаш да е составен дел на детската летна аптека. За да има подобра адаптација на организмот на одредени бактериски култури кои секаде се различни.
Доколку детето има некоја хронична болест, понесете нешто од медицинска документација, лекови или помагала кои инаку ги користи.
Фото: Унсплаш
Задолжително користете ги советите на вашиот педијатар доколку сакате мирен и спокоен летен одмор.
СЕ ЗА ДЕЦАТА
М-р, д-р.спец. Ангелчо Андоновски , педијатар