Водителката од „Брза кујна“ им го украде „шоуто“ на инфлуенсерките – поубаво од ова не можеше
Неодолив летен шик, фановите воодушевени
Водителката изгледа убаво во секое издание
Нашата позната водителка Сања Савеска во емисијата „Брза кујна“ навикнати сме да ја гледаме во елегантни изданија.
Таа е една од оние дами кои што изгледаат убаво што и да облечат, а сега ни покаже дека може да носи било каков стил.
Имено, Сања позираше на едно од најубавите и најфотографираните места во Македонија, а сите го забележаа и нејзиното модно издание.
И наместо елегантен фустан или шик комплет во какви најчесто ја гледаме на малите екрани, водителката сега сите ги изненади со опуштеното издание кое е совршен избор за овој период од годината, но и за позирање на едно вакво зајдисонце.
Инстаграм/ Сања Савеска
Таа за оваа пригода избра ленени панталони и кроп-топ од истиот материјал во беж нијанса со кои никого не остави рамнодушен.
Панталоните во оваа светла нијанса покрај тоа што изгледаат шик, имаат и некој заводлив летен сјај во нив.
Инстаграм/ Сања Савеска
А Сања едноставно си блескаше под зајдисонцето, насмеана како и секогаш, додека во позадината се гледаше Канео.
Инстаграм/ Сања Савеска
Ваквите прозрачни, елегантни и лежерни панталони се совршен моден тренд за овој период од годината.
Инстаграм/ Сања Савеска
Тие лесно се комбинираат со најразлични стилови, а покрај одличниот изглед, овој модел е и мошне удобен.
Со еден ваков пар летни панталони потполно ќе ги замените фармерките, а ќе ги обожавате и затоа што можете да ги носите во поелегантни варијанти. И во зависност од тоа со што ќе ги комбинирате, во истиот момент ќе се претворат во идеално модно парче за попладневна прошетка низ градот или пак во игра со шик детали можете да ги носите и во елегантно вечерно издание.
Инстаграм/ Сања Савеска
Исто така не треба да заборавите и дека станува збор за многу пријатен материјал кој е идеален за жешките летни денови.
Па, дали ви се допаѓа ова издание на Сања?