Реклама
Наши ѕвезди

Цеца го „сруши“ интернетот со само еден потег – со минијатурното бикини одвај ги покри облините

Изгледа неверојатно за свои години

Реклама

Бројни реакции по овие фотографии

Егзотичните фотографии на Светлана Цеца Ражнатовиќ од нејзиното патување на Малдивите повторно станаа вирални.

Пејачката во една пригода ги објави овие фотографии на својот Инстаграм каде редовно се огласува и комуницира со фановите.

Маркетинг

Но овие објави дефинитивно се едни од оние со кои пејачката никого не остави рамнодушен и за кои ќе се зборува уште долго време.

Маркетинг
Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Облечена во својот минијатурен костим за капење, Цеца едноставно блеска додека позира на убавата плажа, а многумина се прашуваат како може оваа жена која неодамна го прослави својот 51 роденден да изгледа вака и на ваков начин да мами воздишки.

Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

И што е најинтересно, познато е дека Цеца не држи никакви ригорозни диети, а како што самата откри во една пригода, нејзината тајна за ваквиот беспрекорен изглед во шестата деценија од животот е после седум часот навечер да не јаде ништо и да консумира само вода.

Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

„Тоа е како автофагија. И потоа наутро ќе станам во осум часот, осум и половина, метаболизмот се покренува и тоа е тоа. И физичка активност. Тренирам или ако не стигнам на тренинг јас ќе направам брзо одење на лента за да го покренам телото, метаболизмот.“

„Ако лежиш нон-стоп, не можеш да го забрзаш метаболизмот“, изјави Цеца во една пригода за Телеграф.

Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Цеца и денес што и да облече изгледа неверојатно, а цел живот била гурманка и сакала да јаде најразлични специјалитети.

Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Но со тек на годините пејачката заклучила дека е време да го промени својот начин на живот, посебно откако забележала дека се поправа, па се посоветувала со нутриционистка со која се познава со години.

Пејачката денес се придржува до нејзините свети, а како што самата откри во една пригода, најтешко и бил во почетокот.

Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Таа и денес го следи она најважното – да се биде умерен во сé, па така таа признава дека понекогаш знае навечер да се напие пивце, кое очигледно не и пречи. Пејачката исто така досега многу пати има потенцирано дека не може да му одолее на благото, но пред да изеде нешто се советува со својата нутриционистка.

За појадок најчесто јаде овесни снегулки со овошје и чиа семки, за ручек риба со зелена салата, додека за вечера супа од тиква.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button