Тијана го покажа сопругот, но и станот во кој живее со семејството – ова е нејзиното парче од рајот
На ова место Тијана Дапчевиќ ужива со најмилите
Вака изгледа нејзиниот семеен дом
Познатата пејачка важи за еден од најдобрите вокали на целиот Балкан, а каде и да се појави плени со својата неверојатна енергија.
Таа откако го запозна својот животен сопатник, се пресели во Србија, каде живее и денес заедно со своето семејство.
Да, станува збор за Тијана Дапчевиќ, пејачката која веќе со години е на самиот врв на музичката сцена како во Србија, така и во Македонија.
Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Но и покрај нејзината преголема популарност, оваа извонредна дама многу ретко открива детали од својот приватен живот.
Сепак, одвреме-навреме знае да сподели по некоја семејна фотографија, па така во една пригода откри и како изгледа нејзиниот дом.
Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Тијана заедно со својот сопруг Милан денес живее мирен семеен живот, а круна на нивната љубов е нивниот син Вук.
Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Нивниот наследник оваа година наполни 15 години, а гордата мама често знае да сподели фотографии и со него. Тие живеат заедно во стан во Белград, а како изгледа нивното семејно гнездо каде пејачката поминува поголем дел од своето време, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Потсетуваме, Тијана во една пригода специјално за Гламур (види тука) ќе откри дека и нејзиниот наследник тргнал по нејзините стапки и дека веќе е познат во светот на музиката.
Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Имено пејачката тогаш откри дека Вук не само што е свесен за нејзината популарност, туку и Тијана самата е свесна, но и пријатно изненадена од популарноста на нејзиниот наследник.
Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
„А и мама може да се пофали дека е свесна колку е популарен нејзиниот син. Вук од пред година дена почна да се занимава со правење на музика, нов правец во електронската музика – фонк. Веќе на платформата спотифај има повеќе од милион и пол слушатели. Има многу фанови, највеќе од Бразил. Можам да се пофалам и да бидам горда на тоа што син ми е талентиран и се занимава со музика“, изјави Тијана во интервју за Гламур магазин.