Голема прослава во семејството на Сузана Гавазова – фолкерката објави вест што сите ги израдува
Нејзината ќеркичка славеше роденден, гордата мама не ја тргаше насмевката од лицето
Сузана Гавазова и го прослави роденденот на ќерката
Најголемата македонска фолк-ѕвезда, Сузана Гавазова, од бракот со Јасмин Курузовиќ има две ќерки – Емили и Селена.
И вчера беше посебен ден за нивното семејство.
Имено, помалата наследничка на Гавзова, Селена, наполни девет години и по тој повод пејачката направи роденденска забава.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа на својот Инстаграм профил покажа како изгледаше убавата торта украсена со морски мотиви, но и како блескаше славеничката.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
На тортата со големи букви пишуваше Селена, а гордата мама под видеото на кое се гледа како малата ја дува свеќичката, напиша:
„Среќен роденден, ќеркичке моја мила. Биди ми секогаш насмеана, весела и своја. Верувај во себе, чекори храбро напред и биди успешна во новите предизвици. Те сакаат мама, татко и Емили“, напиша Гавазова.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа го сними и местото каде што се случуваше прославата, украсено со шарени балони, но и како си играат дечињата.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Потсетуваме, Гавазова и нејзиниот сопруг Јасмин оваа година прославија 10 години брак.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Пејачката на свадбата беше бремена и по неколку недели ја роди постарата ќеркичка Емили која годинава наполни 10 години.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Неколку месеци потоа Гавазова откри дека повторно е бремена, а како изгледаше тогаш, погледнете во продолжение…