Испливаа приватни фотографии од Гранд ѕвездата од Македонија за кои зборува целиот Балкан
Пејачката блеска во секое свое издание, а на еден од најпознатите портали во регионот „испливаа“ нејзини фотографии на кои позира на плажа...
Не престанува да ја освојува публиката
Пејачката Андријана Петрушовска овие денови е поприлично активна како со своите настапи, така и на социјалните мрежи.
Македонката која се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ каде оваа сезона го освои високото трето место, вчера имаше одличен настап во парк „Расадник“, во рамките на културното лето на Кисела Вода, каде истата вечер настапуваше и нејзиниот ментор од претходната сезона, Ѓорѓе Давид, задно со Бресквица и Ивана Петерс.
Пејачката за оваа пригода носеше бел фустан со интересен дизајн со кој повторно ги остави сите без здив, впрочем како што беше случајот и со нејзините незаборавни сценски настапи во „Гранд“.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Но Андријана подеднакво воодушевува и на социјалните мрежи, каде речиси секојдневно објавува преубави фотографии.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Таа деновиве е зафатена околу големиот концерт што го подготвува во Драчево, а на кој ќе настапат Мики Секуловски и Александар Јосифовски, македонските Гранд ѕвезди кои публиката исто така ги обожава.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Потсетуваме, Андријана во „Ѕвездите на Гранд“ и двете сезони го носеше епитетот една од најзгодните пејачки во шоуто.
Нејзиното убаво лице, но и беспрекорно тело, им ги привлекуваше погледите на мажите што будно го следеа натпреварот, но и на оние што ја следат на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Имено, Андријана како за време на натпреварот, така и сега, по освоеното трето место, привлекува внимание со фотографиите што ги објавува, а на нејзиниот профил има дузина фотографии на кои позира во издание со кое никого не остава рамнодушен.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Впрочем сите се сеќаваат на нејзиното издание од претходната сезона во „Ѕвездите на Гранд“ кога на сцената излезе само со ленти залепени на телото и со крилја, кога сите ја пофалија за храброста, но и за одличниот перформанс што го направи на грандиозната сцена.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Но покрај ова издание нејзините фанови се уште се сеќаваат и на фотките на кои таа позира во костими за капење, а со кои исто така ги воодушеви сите на социјалните мрежи, а токму таква е и нејзината прва објава на Инстаграм, за која можеме да кажеме и дека е една од најубавите. Вакви фотографии деновиве објавија и српските медиуми, каде за финалистката во „Ѕвздите на Гранд“ велат дека е една од најзгодните дами на цела естрада.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
А еве ја и нејзината прва фотка на Инстаграм
Облечена во црвен костим за капење и со очила за сонце, пејачката ужива на плажа и си ја чита својата омилена книга.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Фотографијата е од пред неколку години, кога Петрушовска се уште беше непозната, но со големи идеи и соништа.
И еве, ова млада дама, со природна убавина и харизма од милион долари, по некое време ќе почне да го живее својот сон. И таа максимално ужива додека го прави тоа, а богами уживаа и гледачите додека ја гледаа во „Ѕвездите на Гранд“.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Посебно кога се појави со старото македонско знаме…
Повеќе за ова, прочитајте тука...