Мaкедонската фолкерка стопена од љубов: Фотографија која ја грее душата
Македонската фолкерка има најслатка наследничка.
Даниела сподели фотографија која ја грее душата.
Фолк – пејачката Даниела Темелковска важи за најубава и најзгодна баба на македонската естрада.
ФОТО: Инстаграм / Даниела Темелковска
Даниела е една од жените за кои се вели дека времето запрело.
Таа воопшто се нема променето од почетокот на својата кариера.
ФОТО: Инстаграм / Даниела Темелковска
Задоволна е од својот изглед и се чувствува одлично во својата кожа, па токму затоа и воопшто нема проблем да се појави и во малку попровокативни изданија.
Даниела е згодна мајка, свекрва и баба.
ФОТО: Инстаграм / Даниела Темелковска
Пред две години нејзиниот син единец, а воедно и колега, Даниел Темелковски заплива во брачните води.
Пејачката му направи голема свадба на која присуствуваа многу познати личности и нејзини колеги.
ФОТО: Инстаграм / Даниела Темелковска
Даниел ја направи Даниела најсреќна жена на свет, а водно ѝ донесе и животна улога – баба, кога се роди неговата прва ќерка, Јана.
Јана е центар на внимание во целото семејство и сите сакаат да поминуваат време со неа.
Секој слободен момент Даниела се труди да го помине со својата Јана.
На Инстаграм сподели и фотографија со неа, со која ги воодушеви фановите.