Влатко Миладиноски ја сподели најубавата вест – му пристигнуваат честитки, сите се воодушевени
Многумина се убедени дека ова ќе биде нов хит
Младиот пејач на македонски народни песни Влатко Миладиноски ги израдува своите фанови со веста што деновиве ја сподели.
Имено, Влатко кој важи за еден од омилените фолк-пејачи како кај нас, така и кај нашите иселеници низ светот, на својот Фејсбук сподели дел од неговата нова преубава песна,„Јунак врви“ која е дел од заедничкиот проект со неговиот брат Златко Миладиноски и нивниот заеднички Оркестар, Народно до максимум.
Влатко кој досега има освоено бројни награди и чии песни се големи хитови на своите фанови повторно им приреди нов музички деликатес, што веќе се заклучува и по коментарите што ги доби.
Фејсбук/ Влатко Миладиноски
Песната „Јунак врви“ освојува со својот сјаен ритам, а Влатко остана доследен на својот препознатлив стил.
Фејсбук/ Влатко Миладиноски
Но токму затоа и не чуди што добива стотици коментари под видеото, а фановите се убедени дека и оваа песна ќе биде хит.
Извор: Фејсбук/ Влатко Миладиноски
„Секогаш големо браво“, „Браво за Влатко и Златко, најдобри сте“, „Браво Влатче, само напред, да ви се множат уште многу побројни песни да имате со брат ти Златко и голем поздрав и до двајцата“, се само некои од коментарите што Влатко ги доби под видеото што го објави на Фејсбук.
Во продолжение слушнете уште неколку негови песни, но и детали од веселбите каде што тој ги забавува гостите.
Потсетуваме, внукот на легендарниот Војо Стојаноски и пред неколку недели ги изненади своите верни фанови со нова песна.
Фејсбук/ Влатко Миладиноски
Влатко тоа го направи на денот на неговиот роденден, објавувајќи го спотот за неговата нова песна „Гајтано моме“.
Фејсбук/ Влатко Миладиноски
„28 мај е денот кога сум роден. Денес на сите ви подарувам една нова песна“, напиша Влатко на својот профил на Инстаграм, а како звучи и оваа песна, слушнете во продолжение…