- Специјал - здраво, вкусно и неодоливо!
Брз рецепт за вкусни колачиња од Чоколино
Брзите и едноставните рецепти се идеални за овој период од годината, посебно кога станува збор за нешто олку вкусно и особено што се прави со еден од омилените производи од нашето детство.
Станува збор за десерт со кој ќе го воодушевите семејството, но и вашите гости, а за кој нема да губите премногу време во кујната.
Маркетинг
Рецептот за овие вкусни колачиња навистина е едноставен и за да ги подготвите ќе ви бидат потребни помалку од 15 минути.
И не треба да се изненадите ако ова уште по прва ви стане еден од омилените рецепти, посебно што главната состојка е омиленото јадење што сите го обожаваат, а тоа секако е Лино Чоклино!
Принтскрин/ Јутјуб
Еве што е потребно за да направите 8 топчиња
150 мл млеко, 150 г Чоколино, 50 г иситнети бисквити , 120 г млечно чоколадо или чоколадо за готвење, 20 г мелени бадеми и лешници по желба. Доколку сакате топчињата да имаат и поголема количина на протеини, тогаш користете LINO Protein Power Whey Чоколино со протеини, магнезиум и 8 витамини.
Протеинско Чоколино
Начин на подготовка
Во сад со средна големина направете густа смеса од вашето омилено Чоколина и млеко, а потоа додадете ги и 50-те грама трошки од бисквити. Во смесата додадете и бадеми или лешници (по желба), но внимавајте – смесата треба да ви биде доволно густа за да направите топчиња.
Потоа добро измешајте и оставете да се излади.
Принтскрин/ Јутјуб
Откако ќе се излади (отприлика од два до три часа) извадете го садот со смесата од фрижидерот и обликувајте топчиња. Готовите топчиња ставете ги на стапчиња (види слика) и потоа вратете ги во фрижидерот.
Принтскрин/ Јутјуб
Додека топчињата се уште се ладат растопете млечно чоколадо или чоколадо за готвење (по желба) и потоа потопете ги топчињата така што ќе ги направите целосно да бидат чоколадни.
Ваквите топчиња вратете ги повторно да се изладат во фрижидерот и послужете ги студени.
Не заборавајте дека топчињата можете да ги увалкате и во бело чоколадо за да добиете два вида на чоколадни топчиња од Чоколино, а пред да ги послужете можете дополнително да им додадете лешници и бадеми или изрендани парчиња чоколадо како би добиле уште побогат вкус.
Па, уживајте и нека ви е на здравје десертот!
Бонус видео