Се спакуваа и заминаа: Стојне и Адријана Кеш заминаа од Македонија, па открија дали ќе се вратат
Познатите македонски фолкери си заминаа од Македонија.
Адријана и Стојне ги изненадија фановите со најновите објави на Инстаграм.
Многу ретко се случува да се роди искрено пријателство на македонската естрада, но овие две пејачки се доказ дека и тоа е возможно.
ФОТО: Фејсбук / Адријана Ацевска
Поради преголемата зафатеност, но и ривалството кое се чувствува, пејачите немаат време за дружба.
Но, фолкерките Адријана Кеш и Стојне покажаа дека може да се роди искрено пријателство меѓу две убави, успешни, изреализирани жени од иста професија.
И двете во моментов се едни од најангажираните фолк-пејачки, со хитови без кои не може да се замисли ниту една забава во земјава.
ФОТО: Принтскрин
Освен што одлично пејат, тие подеднкаво добро и изгледаат, а и двете обожаваат да патуваат.
Иако во текот на летото значи сезона на свадби и прослави, па пејачите се премногу зафатени, Стојне и Адријана најдоа време и за одмор.
И тоа ни помалку, ни повеќе туку во Палма Де Мајорка.
ФОТО: Фејсбук / Адријана Ацевска
Пејачките ги спакуваа куферите и без многу размислување заминаа н својот прв летен одмор годинава.
Веднаш се пофалија на Инстаграм со првото испиено кафе покрај плажа и глетката која ја имаат.
„Одиме на одмор, ќе се вратиме кога ќе се одмориме“, стои во опис на фотографиите.