Реклама
Наши ѕвезди

Цела Македонија ја обожаваше Мара Попара, но само малкумина знаат за нејзината животна трагедија

Тажниот живот на Мара Попара, актерката која почина од преголема болка по смртта на синот единец

Реклама

Тажната животна приказна на една од нашите најпознати актерки

Катерина Крстева (1938-2023) покрај многуте улоги во текот на својата кариера остана запаметена како Мара Попара.

Станува збор за улогата во култниот македонски филм од 1991 година, „Во кафулето кај Гене“, во режија на Миле Грозданоски.

Маркетинг

Катерина е родена во Велес, 1938 година, а почина минатата година, на 85 годишна возраст, на 9 јануари 2023.

Маркетинг
Принтскрин

Легендарната актерка иако цел живот со леснотија ги глумеше комичните ликови и ја засмејуваше публиката, малкумина знаат за нејзината тешка животна судбина која на крај завршува навистина тажно.

Принтскрин

Имено, Катерина која е остане запаметена по бројни генијални улоги, својот син единец ќе го роди на крајот од петтата деценија.

Таа својот прв и единствен син ќе го добие на 49 годишна возраст, а нејзиниот сопруг ќе почине уште додека Александар бил многу мал. Како што во една пригода откри актерот Гоце Тодоровски, бидејќи Катерина била самохрана мајка, таа многу пати на проби доаѓала со својот син, така што пораснал со актерите.

Но подоцн, кога ќе се пензионира, и нејзиниот син единец че остане сам и че остане да живее заедно со неа.

Принтскрин

Тие живееле скромно, само од пензијата на Катерина, која во тоа време биле мнoгу мала, така што одвај преживувале.

Нејзиниот син по некое време ќе успее да се вработи во Макпетрол, каде што работел неговиот татко, но од оправдани причини ќе ја изгуби работата и повторно ќе остане без никакви примања.

Катерина, од овие причини била приморана и на стари години, додека ја држеле нозете, да оди на разни скечеви, претстави.

Принтскрин

На овој начин легендарната Мара Попара се бореше за својата егзистенција, но и за егзистенцијата на својот син единец.

Принтскрин

И како сите овие маки да не беа доволни во нејзиниот тежок живот, па таа ќе го доживее и она што во народот се вели дека е нешто најлошо што може да му се случи на еден родител.

Фејсбук/ МНТ

Имено, неколку месеци пред нејзината смрт починал и нејзиниот син, по што Катерина сосема се повлекла.

Како што тогаш објавија медиумите, наводно таа својот син го пронашла мртов во нивниот дом, по што и се руши целиот свет.

Синот Александар почина на 36 годишна возраст, во септември 2022, а мајка му по неколку месеци, во јануари 2023.

Фејсбук/ МНТ

Тој немаше семејство, не остави потомство, а оние што ги познаваа велат дека бил предобар човек, но си имал свои проблеми.

По неговата смрт мајка му потполно се повлекува и по неколку месеци, од тагата и преголемата болка ќе почине и таа.

По нејзината смрт се огласија бројни колеги и изразија сочувство, а една од нив беше и Стојна Костоска која тогаш напиша:

„Драга колешка, престанаа твоите болки, сета сте сите ангели на небото, сопругот, син ти.. Чувај ги! Кате, лесна ти земја“, се збогуваше тогаш со трогателна порака на Фејсбук колешката Костоска.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button