Моделот што го носи Велевска најдобро ги намалува килограмите – трик што ќе ви го разубави летото
Сакате да го сокриете вишокот на стомакот? Елена Велевска носи костим за капење во кој ќе блескате на плажа
Елена Велевска реши да си ги напони батериите
Познатата фолк-пејачка Елена Велевска реши малку да се одмори, па сподели неколку фотографии во опуштено издание.
Но овие нејзини објави можат да им послужат на многу дами и како идеја за она што треба да го имаат во куферот пред да тргнат на летување. Имено, убавата пејачка покажа како ужива во своите летни радости, а посебно внимание привлече и со костимите за капење што ги носеше и во кои позираше деновиве на Инстаграм.
Имено, пејачката за својата совршени фотографии избра едноделен модел кој може совршено да ги сокрие сите недостатоци.
Инстаграм/ Елена Велевска
Овие безвременски модели се одличен избор за оние што сакаат да го сокријат стомакот, но повторно да изгледаат убаво и занесно.
Инстаграм/ Елена Велевска
Ваквата комбинација на Велевска кога станува збор за плажа бројни дизајнери ја советуваат како идеална за камуфлирање, а треба да се внимава и во изборот на дезенот и боите кои исто така можат да допринесат многу по ова прашање.
Инстаграм/ Елена Велевска
Но нашата позната пејачка би изгледала подеднакво привлечно и во било кој друг модел на костим за капење, бидејќи за неа веќе и врапчињата на гранките знаат дека изгледа фантастично и плени со својот изглед.
А дека тоа навистина е така може да се уверите и сами од фотографиите што Елена ги објавува на својот Инстаграм…