Реклама
FashionСтил

Силјановска -Давкова во стилот на Џеки Кенеди – Нашата претседателка блесна во бело!

Оваа дама откако стана прва дама на државата не само што го задржа префинетиот стил туку со секое следно појавување се надминува себеси. 

Реклама

Претседателката на Македонија, проф. Гордана Силјановска -Давкова, секогаш е облечена со стил. Тоа одмана го забележа и будното око на модните критичари.

Оваа дама откако стана прва дама на државата не само што го задржа префинетиот стил туку со секое следно појавување се надминува себеси.

Маркетинг

Денешниот ден очигледно бил со набиена агенда за професорката. Судејќи по нејзините објави таа морала да стаса на повеќе важни настани.

Маркетинг

Денот и започна со одбележување на јубилеј на Технолошко металуршкиот факултет. Во први редови Давкова присуствуваше на модната ревија облечена во ретро бел плисиран фустан од најнова мода. Широкиот фустан со комотен крој го збогатила со ѓердан од прекарсни бели бисери.

На фотографиите од објавата професорката напиша:

Одлична модна ревија на тема „Време“, по повод 65 годишнината од основањето на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ. Честитки до студентите на Институтот за текстилно инженерство за уникатноста. Извонреден приказ на автентични креации инспирирани од минатото, кои транзитираат и ги отсликуваат безграничните можности на иднината.

На средба со јапонскиот амбасадор, првата дама одбра повторно бела комбинација. Овој пат бидејќи се работи за средба од посеризони размери таа облекла бел класичен блејзер кој одлично и се вклопува во  елегантната комбинација.

На оваа објава Давкова напиша:

Со јапонскиот амбасадор Оцуко Казуја изразивме заеднички интерес за натамошното јакнење на пријателските односи и продлабочување на меѓусебното разбирање и соработката на политички, економски и културен план.

Денеска таа се сретна и со словачкиот  амбасадор.

Средба со словачкиот амбасадор, Хенрик Маркуш. 🇲🇰 🇸🇰 Со Словачка негуваме пријателство, разбирање и силни културни врски. Во континуитет ја унапредуваме билатералната соработка во различни области.

Во Вила Водно претседателката свечено го пречека новиот премиер на Македонија и членовите од новиот состав на Владата.

Од нив очекувам совесно, чесно и одговорно да ја реализираат поставената програма за работа, во согласност со македонските национални интереси и интересите на граѓаните.

Денеска во бело, нашата претседателка блесна со својата елегнтна кобинација и софистицирано држење кое го носи со себе налик на Џеки Кенеди.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button