Реклама
Наши ѕвезди

Македонката што ги воодушеви сите во „Ѕвездите на Гранд“ сподели преубава вест – и Мики е во приказната

Андријана Петрушовска објави преубава вест

Реклама

Пејачката ги израдува фановите

Андријана Петрушовска која го освои високото трето место во „Ѕвездите на Гран“д реши да им се одолжи на своите фанови.

Имено, пејачката на својот Инстаграм профил најави дека на 30 јуни ќе одржи концерт во Драчево (кај крстот), со цел да им се одолжи на своите бројни поддржувачи што гласаа за неа во финалето.

Маркетинг

Пејачката се огласи со емотивни зборови и откри детали за концертот со кои дополнително ги израдува своите фанови.

Маркетинг
Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Таа им се заблагодари на своите сограѓани за огромната поддршка што безрезервно ѝ ја давале, порачувајќи дека дошло време да им се оддолжи и да покаже колку многу ѝ значат.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

„Ви се заблагодарувам за огромната поддршка, љубов и енергија која што цело време безрезервно ми ја дававте“, вели таа.

Принтскрин/ Гранд.онлајн

Петрушовска потоа додаде дека одвај чека да дојде 30 јуни за да може да се дружи со публиката, но и дека специјални гости на концертот ќе и бидат Мики Секуловски и Александар Јосифовски.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Потсетуваме, Аднријана Петрушовска е единствената натпреварувачка која два пати се најде во финалето на „Ѕвездите на Гранд“.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

На убавата скопјанка првиот пат и беше ментор Ѓорѓе Давид, а вториот пат кога го освои третото место, Александар Милиќ Мили.

Но малкумина знаат дека таа последниот пат сосем случајно се најде во шоуто, односно Саша Поповиќ за неа има направено преседан.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Поповиќ и самиот во една емисија зборуваше за тоа, истакнувајќи дека одлуката да се натпреварува и Петрушовска ја донеле во последен момент, откако претходно една кандидатка се откажала, со што прв пат е избран некој што веќе бил во финалето.

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

Инстаграм/ Андријана Петрушовска

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button