Преубав розов фустан и во него најубавата водителка од телевизија Сител – топ свадбено издание (фото)
Јелена и нејзиниот сопруг прославија две години брак – водителката сподели и фотографија од свадбата
Нашата позната водителка Јелена Спасиќ (моминско Богојевиќ) овој пат ги воодушеви сите со изборот на фустанот што го направи.
Таа позираше во долга розова креација во која изгледаше како модна икона, а сите присутни не престанаа да гледаат во неа.
Покрај впечатливата розова боја, Јелена привлече внимание и со розовите високи потпетици, но и со карминот во иста нијанса.
Инстаграм/ Јелена Спасиќ
Фустанот беше со длабок шлиц и со прерамки, а Јелена целото издание го зачини со пунџа и нејзината преубава насмевка.
Инаку, убавата водителка овие денови имаше неколку посебни причини за славење. Taa најпрво го прослави својот 31-ви роденден, а потоа објави и фотографија од венчавката потсетувајќи дека поминаа две години откако се заколна на вечна љубов.
Инстаграм/ Јелена Спасиќ
Потсетуваме, Јелена и сопругот Срѓан најпрво на 22 јуни направија мала свадба со најблиските, кога водителката беше бремена.
Инстаграм/ Јелена Спасиќ
Тие по неколку месеци направија и поголема прослава со венчавка на која беше и нивниот син Немања кој во меѓувреме се роди.
Инстаграм/ Јелена Спасиќ
Водителката која се прослави со Вчерашни новости и која што ја води емисијата Магазин на телевизија Сител објави и една фотографија од нејзиниот син, фотографирајќи го додека ужива во базенче.
Инстаграм/ Јелена Спасиќ
Погледнете ги и останатите фотографии на Јелена…