Реклама
Наши ѕвезди

Не постои друг ваков пејач како ОВОЈ МАКЕДОНЕЦ – камионџијата Андруш е хит на целиот Балкан

И Наум Петрески беше воодушевен од него

Реклама

Распеаниот камионџија со потекло од Македонија, Андруш Ангелковски, стана популарен на целиот Балкан со неговите видеа.

Тој видеата ги снима додека вози камион во Лос Анџелес, но она по што е посебен е тоа што цело време си пее песни во кабината.

Имено, неговата маестрална изведба на „Оди ѕвездо“ од Наум Петрески се уште е голем хит на социјалните мрежи, а по оваа снимка тој дури и настапуваше со Наум Петрески. Потоа од својата кабина препеа уште многу хитови, а голем хит беше и кога од кабината на својот камион ја испеа и „Лаванда“ од Халид Бешлиќ.

Маркетинг

Принтскрин/ Фејсбук

Тој своите снимки ги објавува на Фејсбук, а во песните толку им се препушта на емоциите што одвреме-навреме гестикулира и со рацете иако вози камион, а и камионската труба му стана неизоставен дел од неговиот перформанс.

Маркетинг

Принтскрин/ Фејсбук

Инаку, Андруш родум е од Ресен, но живее во Соединетите Американски Држави каде што долги години работи како камионџија.

Некои од неговите најгледани видеа во продолжение….

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button