Еве зошто цело Скопје се вртеше по неа – нашата најзгодна водителка во најубавиот фустан за ова лето
Кога не знаете каде попрво да погледнете – во креацијата или во преубавата дама што го носи
Водителката ги воодушеви сите со својот изглед
Нашата позната водителка Ирена Спировска во јавноста отсекогаш важела за дама која знае да ги избере најубавите фустани.
Впрочем за тоа зборува и нејзиното последно издание со кое се појави на еден настан и со својот изглед го украде шоуто.
Имено, таа за оваа пригода избра долга црна тоалета која во горниот дел ја следи убавата линија на нејзиното тело, додека здолништето се шири правејќи од водителката да изгледа како вистинска сирена.
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Креацијата во задниот дел се врзува со врвки како корсет, па голите раменици на Ирена беа во центарот на вниманието.
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Водителката едноставно блескаше во ова свое издание, видно расположена и со насмевка што не ја тргаше од убавото лице.
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Целата комбинација ја закружи со црвен кармин, интересни обетки и нејзината убава, виткана коса која е нејзиниот заштитен знак.
Како изгледаше Ирена на почетокот на својата кариера, но и која е тајната на нејзината витка линија, откријте во текстовите во продолжение: Ирена Спировска 20 години не каснала месо, а во Словенија пробала нешто што никогаш нема да го заборави, Еве како водителката од Алфа го решава проблемот со ЦЕЛУЛИТОТ – позираше во долна облека, хит видео, Испливаа стари фотографии од убавата водителка Ирена Спировска и легендарната Благица Павловска од пред скоро три децении.