Пејачката што ги обожава боите на татковината, боите на Македонија – цела држава горда на нејзиниот успех
Еве кои се плановите на девојката што ја крена цела Македонија на нозе
Шармантната 24-годишна скопјанка, Андријана Петрушовска, го освои високото трето место во „Ѕвездите на Гранд“.
Петрушовска во интервју за „Гранд.онлајн“ изјави дека воопшто не и е жал што победила Босанката Шејла Зониќ, посебно што токму таа и била една од најдобрите пријатели за време на шоуто.
Како што самата изјави, на нејзината победа се радувала како таа да победила, но презадоволна е и од својот успех.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Според она што го вели во интервјуто, пејачката е презадоволна и од својот ментор Александар Милиќ Мили кој можеби е и најзаслужен за нејзиниот резултат, но никако не ги заборави и сите оние што гласале за неа.
Маркетинг
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Инаку, Андријана и претходно се натпреваруваше во шоуто, кога исто така стигна во финалето, но тогаш го освои десеттото место.
Таа не крие дека сега е презадоволна од резултатот и дека планира да ја продолжи соработката со „Гранд“, за што впрочем претходно зборуваше и Мили, менторот на Андријана и музичкиот директор на „Гранд“.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Како што Мили истакна уште пред самото финале, во Андријана гледа огромен потенцијал, посебно што доаѓа од Македонија, земјата во која шоуто „Ѕвездите на Гранд“ е популарно и гледачите масовно гласаат и ги поддржуваат своите фаворити.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Мили не крие и дека веќе за некои кандидати се подготвени песни, а како што истакна и Андријана по финалето, таа секако планира да ја продолжи соработката со својот ментор и Гранд.
„Зборувавме нешто, но не знаеме уште, чекавме да помине финалето и да поразговараме што и како понатаму. Секако дека ќе соработувам со Гранд и Мили. Дојдов да бидам дел од Гранд продукција и убаво е кога имаш потпора, не можам сама. Успех е да стигнеш до финалето, но ете Зорана Миќановиќ беше во четвртфинале и Мили со неа направи работи и од нејзиниот пример можеме да видиме дека сé е можно“, објасни Петрушовска по финалето за „Гранд.онлајн“.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Потсетуваме, Андријана во „Ѕвездите на Гранд“ го освои високото трето место, додека нејзиниот колега Мики Секуловски – второто.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Во финалето триумфираше Шејла Зониќ, а Андријана покрај одличните настапи последната вечер македонската публика ја воодушеви и во четвртфиналето кога на грандиозната сцена се појави со старото македонско знаме со Ѕвездата од Кутлеш со кое блесна во полн сјај и ја крена цела Македонија на нозе. Убавата пејачка тогаш настапи со песната „Јовано, Јованке“, а зошто за овој нејзин настап ќе се зборува уште долго време, погледнете во продолжение…