Реклама
Новости

Поранешниот на Карлеуша се огласи по скандалот – ПЕЈАЧКАТА ВРЕСКАЛА, Тошиќ ги тепал и двајцата?!

Прво огласување на поранешниот фудбалер Душко Тошиќ по инцидентот и расправијата што го имаше со Јелена Карлеуша, ова е неговата страна на приказната

Реклама

Поранешниот фудбалер негира дека ја удрил пејачката, но од судот му била изречена забрана

Пејачката Јелена Карлеуша го пријави во полуција својот поранешен сопруг Душко Тошиќ, пренесуваат српските медиуми.

Како што објави српскиот „Курир“, Карлеуша го пријавила својот сопруг во раните утрински часови во саботата, а полицијата веднаш излегла на терен и ја затекнала пејачката со нејзиниот пријател Н.Ј.

Маркетинг

Тие раскажале дека Тошиќ дошол во куќата, од која што има клуч, наводно видно под дејство на алкохол, па пријателот на својата поранешна сопруга го фатил за врат и го удрил повеќе пати по главата и телото, пренесува споменатиот портал.

Маркетинг
Инстаграм/ Карлеуша и Тошиќ

Карлеуша во истиот момент се обидела да ги раздвои, но Душко наводно ја фатил за косата, искубал и ја удрил неколку пати.

Како што објави Курир, Јелена нема повреди по телото, додека нејзиниот пријател има гребаница во пределот на муцката и вратот.

Инстаграм/ Карлеуша и Тошиќ

По веста за инцидентот во нивниот дом, која одекна како бомба, се огласи и Душко со шокантен одговор.

Инстаграм

„Не, секако дека не ја ни допрев. Таа намести сé“, одговори Душко на прашањето дали навистина ја удрил поранешната сопруга и ја влечел за косата што му беше поставено на социјалните мрежи.

Како што објавија српските медиуми, на Душко по пријавата од страна на Јелена во полицијата му бил направен алкотест кој покажал дека има 0.87 промили алкохол во крвта, а по овој повод од судот на Душко Тошиќ му е забрането да се доближува и контактира со сопругата.

Инстаграм/ Карлеуша и Тошиќ

Од пријавата за настанот произлегува дека никој од учесниците не се здобил со телесни повреди, а како што пренесуваат медиумите, според изјава на една комшивка на Карлеуша, по инцидентот пејачката врескала и го молела Тошиќ да си замине, додека тој пцуел на глас.

Принтскрин/ Гугл мап

„Се познаваше дека доживеала тежок шок. Тука беше и едно високо младо момче. Тој делуваше сиот збунет, потоа и тој си замина, а Јелена се врати дома. Се повеќе има семејно насилство, страшно“, изјавила комшивката што живеела блиску до куќата на пејачката, пренесува српскиот „Курир“.

Потсетуваме, еден ден претходно нивната ќерка Ника имаше матура, кога Тошиќ објави нејзини фотографии во син фустан.

Инстаграм/ Карлеуша и Тошиќ

Тоа потоа го направи и Јелена Карлеуша која додаде и колку е среќна и горда на својата мала матурантка.

Инстаграм/ Карлеуша и Тошиќ

Инстаграм/ Карлеуша

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button