Што ќе каже банкарот на овие фотографии на Лила?! Водителката и на 52 години како морска сирена
Никогаш не изгледала поубаво, позадоволно и посреќно
На Инстаграм сподели фотографија со која никого не остави рамнодушен
Лила Филиповска знае како да ги изненади своите фанови и да привлече публика, како на телевизија така и на социјалните мрежи.
Познатата водителка од телевизија Сител која истовремено важи и за една од најпознатите и најуспешните инфлуенсерки во нашата земја, овој пат реши да изрекламира еден производ на малку необичен начин, но и да се изрекламира самата себеси.
Имено, Лила најпрво објави фотографија на која позира во едноделен црно-бел костим за капење и го рекламира производот за кој што е платена, но потоа објави и фотографија на кое исто така е во костим за капење, но која што ја сподели најверојатно од ќеиф и за мерак на своите верни обожаватели.
Принтскрин/ Јутјуб, Сител
Станува збор за постара фотографија направена на едно од оние патувања на кои што убавата водителка беше во последните неколку месеци, па инспирирана од убавото време, таа сега реши да се потсети на овие денови.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Топ жена и на 52 години
Водителката позната е како една од најзгодните жени во светот на шоубизнисот во Македонија, а овие фотографии се само уште еден доказ зошто таквиот ласкав епитет не го носи без причина.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Провокативните објави на оваа жена која годинава ќе наполни 53 години секогаш предизвикуваа реакции и лајкови, но и бројни комплименти. А тоа дека оваа водителка и во шестата деценија блеска, погледнете и од нејзините фотографии на кои и облечена изгледа убаво, а според многумина дури и многу подобро од почетокот на нејзина кариера, што навистина е за пофалба.
На повеќето од овие нејзини изданија можат да и завидуваат и многу помлади дами, а дали тоа навистина е така или не, погледнете и уверете се сами во продолжение…