Со себе понел една торбица и сон да успее во животот – Јордан Митев откри низ што поминал
Познатиот македонски пејач раскажа за својот пат до успехот.
После 20 години Јордан Митев се сретна со своите соученици.
Денес е една од најголемите македонски фолк – ѕвезди, но за да стигне до овде Јордан напорно работеше и сѐ уште работи.
ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев
Важи за голем професионалец и еден од ретките пејачи кај нас кои се музички потковани.
Она што можеби малкумина го знаат е тоа дека Јордан свири на повеќе инструменти како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас.
ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев
Јордан потекнува од радовишкото село Подареш и секогаш искрено и со гордост зборува за својот роден крај, каде живее и денес.
Тој е еден од омилените жители во ова радовишко село, а неговата куќа е една од најубавите со голем и убаво среден двор.
ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев
Од пред неколку месеци неговото семејство е побогато за уште еден член, ќеркичката Кристина.
Тој и неговата сопруга Славица секојдневно уживаат во новите животни улоги.
Јордан е максимално посветен на својата професија, а публиката тоа умее да го препознае.
ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев
Некогаш млад и полн со желби, денес успешен и реализиран.
Деновиве тој се сретна со своите соученици од средното музичко училиште во Штип, па средбата ја овековечија со фотогрфија.
„Поминаа 20 години откако излеговме од школските клупи на средното музичко училиште во Штип, генерација 2000 – 2004. Некогаш дојдени од цела источна Македонија со една торбица и сон за да се биде нешто во животот, денес секој на свој начин реализирани добри луѓе. Да сте ми здрави и живи, до следно видување генерацијо“, напиша Јордан во опис на фотографијата.