Инцидент се случи за време на концертот на пејачката Тејлор Момсен во Севиља. Додека таа пее безгрижно лилјак и се закачил на ногата и ја каснал.
– Имам лилјак на ногата, дали ќе може некој да ми помогне да го тргнеме од таму?Извика пејачката, додека публиката почна да вика. Момсен низ смеа додаде, дека тоа ќе биде нејзиниот нов пријател.
Интерсно е што таа беше сосема смирена додека се случуваше ова.
Тејлор Момсен на само седум години го воодушеви светот со улогата на малата Синди во филмот „The Grinch“, потоа стана ѕвезда на серијата „Gossip Girl“, но и пејачка. Тејлор е фронтменката на рок бендот The Pretty Reckless, кој имаше концерт во Севиља, а поради несреќа на сцената пејачката заврши во болница.
„Беше сладок, но и ме гризна. Значи… вакцина против беснило. Следните две недели. Му благодарам на болничкиот персонал што ме нарече Бетгрл откако видоа што се случи на вестите. Патем, има повеќе материјал“, напиша таа на Инстаграм.
Тие настапија како предгрупа за групата AC/DC, воодушевувајќи ја толпата која во еден момент почна да вика и да и покажува на Тејлор да ја погледне нејзината нога. Кога погледна надолу, виде лилјак како стоеше на нејзиното бутче.
Таа не ја испаничи, го прекина настапот, а нејзините колеги го избркаа животното. Меѓутоа, подоцна признала дека ја каснал, поради што отишла во болница за да прими вакцина против беснило.
„Каков рокенрол момент во Севиља минатата среда, за време на „Witches Burn“ од сите песни… Налета лилјак и ми се закачи на ногата. – се присети таа со видео од драмата, кое го објави на својот Инстаграм и додаде:
Таа во своите коментари истакна дека навистина не го почувствувала гризот“, но се сеќава на вакцината како болно искуство.
Погледнете го ВИДЕОТО.