Реклама
Наши ѕвезди

Мики не помина, Цеца заради него го напушти шоуто – велешанецот растури, но изгуби во дуелот (видео)

„Велат во Босна не пеј, во Србија не играј, а во Македонија ниту пеј, ниту играј ниту пак свири. Така што жал ми е, мислам дека си оштетен Мики“, изјави Цеца и демонстративно го напушти столчето откако Секуловски не успеа директно да се пласира во финалето...

Реклама

Ова беше најдобриот машки дуел во полуфиналето, а неизвесноста дали велешанецот Мики Секуловски сепак ќе успее да влезе во финалето траеше се до самиот крај на емисијата…

Мики Секулоски не успеа директно да се пласира во финалето на „Ѕвездите на Гранд“, за разлика од пејачот со кого пееше во дуел Сидик Шабановиќ од Босна и Херцеговина, кој по неколку години учество во шоуто, конечно успеа да стигне до финалето.

И бидејќи и овој дуел беше изедначен со гласови, тие пееја акапела, а по гласањето Цеца за малку ќе го напуштеше шоуто.

Маркетинг

Според Цеца, која му беше менторка на Мики, нејзиниот кандидат беше оштетен од страна на претставниците на жирито, па таа нервозно го напушти столчето, додека композиторот Драган Стојковиќ Босанац беше пресреќен што неговиот кандидат помина.

Маркетинг
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Од друга страна, Саша Поповиќ по гласањето ја искористи приликата и на Сидик да му го честита роденденот, но и финалето.

„Сидик, ајде што помина во финалето, но и во име на сите денес ти го честитам роденденот“, изјави Саша Поповиќ по гласањето.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

И според сите останати ова беше најдобриот машки дуел во полуфиналето, па истовремено ги пофалија и двајцата натпреварувачи за сето она што го покажале во изминативе месеци.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Александар Милиќ Мили реши дури и да стане и јавно да им се заблагодари на сето она што Мики и Сидик го покажаа пред камерите.

„Морам да станам и да кажам дека за вас двајцата треба да измислиме некој друг натпревар. Ова што вие го покажавте, тоа не е од оваа планета. Ви се заблагодарувам, бевте неверојатни и двајцата“, им порача Мили.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Поповиќ направи преседан

На крајот Саша Поповиќ ја имаше најтешката задача да донесе одлука кој од сите овие талентирани пејачи што во изминативе десет месеци максимално се трудеа на сцена, а не поминаа директно во финалето, да продолжи и следната сабота да се бори со останатите финалисти, а кој од нив да го напушти шоуто.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Покрај Мики, од Македонија во баражот беше и Мелиса Зијадиќ, додека Андријана Петрушовска директно се пласираше во финалето. Големата неизвесност кој ќе продолжи, а кој ќе треба да си замине, траеше до самиот крај на емисијата, кога Поповиќ пресече и направи преседан, па ги изненади сите со својата конечна одлука.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Имено, тој реши дека овој пат во финалето нема да бидат 16, туку 20 кандидати, така што сите продолжуваат, а на крај публиката ќе одлучи за кого ќе гласаат но и кој ќе ја однесе победата во популарното шоу.

„Немам јас срце никого да исфрлам бидејќи сите се добри да одат во финалето“, ги израдува сите креативниот директор на Гранд.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button