Ова е херојот што ѝ го продолжи животот на Лила.
Познатата македонска водителка Лила Филиповска јавно зборуваше за тешкиот период низ кој помина.
ФОТО: Принтскрин
Таа е вистинска инспирација и им влева надеж на сите кои поминале низ истото.
Како што е познато, Лила боледуваше од рак на дојка, а нејзината битка воопшто не беше лесна.
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
Долго време криеше од јавноста дека боледува од оваа болест, иако на снимање се појавуваше со перика.
По хемотерапиите ја изгуби косата, но извојува победа со оваа болест.
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
Во јавност одлучи да открие низ што поминала тогаш кога заврши со лекувањето и ракот го снема.
Секогаш истакнува дека позитивната мисла и нејзиниот син биле клучни во борбата со ракот. Лила се лекуваше во болница во Турција, а сега на гости во Скопје дојде нејзиниот доктор, човекот кој ѝ го продолжил животот.
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
„Таа објави фотографии со него, а во опис напиша:
За некого само Проф Др Фатих Ајдован, за мене човекот кој ми го продолжи животот. Оној кој на моето: ама докторе јас до сега бев потполно здрава , рече ти и сега си здрава ова е само моментална состојба која ќе ја средиме, ти само биди позитивна и немој да се плашиш. Ќе бидеш пример и поддршка за останатите кои се борат со оваа опака болест! И еве не после две години. Благодарам од срце и на сите кои мене ми беа поддршка и многуте пораки кои и ден денес ги добивам и да не се заборави: светот ги памети само победниците“, напиша таа.