Реклама
Наши ѕвезди

Еве што вели Мики Секуловски за пејачката што му е НАЈГОЛЕМА КОНКУРЕНЦИЈА во „Ѕвездите на Гранд“

Кој би можел да победи во „Ѕвездите на Гранд“ – Мики и оваа дама се најголеми фаворити

Реклама

Велешанецот Мики Секуловски важи за еден од фаворитите во овогодинешното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Тој директно се пласираше во полуфиналето, а покрај својот глас ги изненади сите и со своето издание што го носеше на сцената.

Имено, Мики се појави во речиси потполно идентично издание кое што можевме да го видиме и во неговиот спот за песната „Ја излези Ѓурѓо“. И како што самиот откри пред камерите на Гранд, идејата за необичното издание со кое што го сними спотот ја добил од „Игра на тронови“, една од неговите омилени телевизиски серии.

Маркетинг

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Тој со насмевка на лицето одговори и на идејата да сними дует со Шејла Зониќ, пејачката која исто така важи за фаворит во шоуто.

Маркетинг

„Навистина би била добра идеја да се направи дует со Шејла. Таа е врвна пејачка, на мене би ми било чест и задоволство“, изјави Мики.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Инаку, во четвртфиналето покрај Мики од Македонија се натпреваруваа и Мелиса Зијадиќ и Андријана Петрушовска.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Тие и двете беа феноменални на сцената, впрочем како и повеќето други кандидати од кои сите поминаа во полуфиналето бидејќи Саша Поповиќ немаше срце никого да исфрли.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Големото финале ќе се случи на 8 јуни, а со Мили, Мелиса и Андријана големи се шансите тронот повторно да биде некој од Македонија.

Покрај нив еден од главните фаворити е и Шејла Зониќ од Тузла, како и Сидик Шабановиќ и Џула Дрини.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

На крајот победата ќе зависи од бројот на гласовите на публиката, но и од оној што ги брои гласовите, а како што изјави Драган Стојковиќ Босанац за „Аваз“, претставниците на жирито немаат увид во тоа.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Претходната сезона победи Славица Ангелова од Струмица која беше во тимот на Ѓорѓе Давид, а оваа година Мики и Мелиса се од тимот на Цеца, додека Петрушевска е во тимот на Мили.

Дали сите тие ќе стигнат и до самото финале, останува да видиме, но она што веќе е сигурно, тоа е дека на сите им се отворени вратите кон ѕвезденото небо и по натпреварот можат да ја искористат популарноста. Имено, многу учесници во „Ѕвездите на Гранд“ по шоуто станале големи ѕвезди без разлика на резултатот што го постигнале во натпреварот, додека од друга страна некои победници немале успешна кариера и покрај тоа што биле одлични пејачи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button