Реклама
Наши ѕвезди

Македонската Гранд ѕвезда во шок од скандалот што му го направи пејачката – го засрами пред сите

Пејачката сакаше да ги понижи пред сите, но само ги шокираше гостите со своето однесување

Реклама

Вакво однесување никој не очекуваше од неа

Познатата пејачка Весна Џогани без „влакна на јазикот“ им направи скандал на младата пејачка Миа Смиљаниќ и нејзиниот колега од Македонија, Дарко Ѓорѓески, со кого настапува во дует.

Како што пренесуваат српските медиуми, инцидентот се случил на еден нивен заеднички настап која Весна сакала да ги понижи.

Маркетинг

Имено, тие претходниот викенд имале настап во ист клуб, кога нивната постара колешка ги посрами на навистина низок начин.

Маркетинг
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Како што пренесе српскиот „Телеграф“, според информации добиени од нивен извор, најпрво настапувале Миа и Дарко кои заедно направиле одлична атмосфера, а си заработиле и добар бакшиш.

Но понесени од атмосферата тие се симнале од бината и го продолжиле настапот меѓу гостите, не планирајќи да влезат во терминот на своите колеги. Но тогаш Џогани реагирала неочекувано, а нејзиниот потег дури беше и осуден од многумина, пишува Телеграф.

Инстаграм/ Весна Џогани

Наводно таа излегла на бината, сама го земала микрофонот и на мизерен начин ги понижила своите помлади колеги.

„Фала, фала, одиме понатаму, сепак сме во дискотека, а не на свадба“, кажала таа во микрофонот додека тие се уште настапувале.

Ваквото однесување на Весна ги шокирало сите, а нејзините помлади колеги останале пристојни и културно ја напуштиле бината.

Инстаграм

Потсетуваме, Миа и Дарко се прославија во „Ѕвездите на Гранд“, а по шоуто продолжија со заеднички настапи.

Тие веќе имаат неколку хитови со милионски прегледи на Јутјуб, а деновиве го објавија и спотот за песната „Мами“ која веднаш стана голем хит, но и ги воодушеви нивните заеднички фанови.

Инстаграм

Дарко има 24 години и по потекло е од Македонија, а пред да се пријави во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ живееше во Австрија.

Принтскрин

За него и за неговата колешка Миа Смиљаниќ се шушкаше и дека се во врска, а овие гласини станаа посилни по нивниот нов спот.

Принтскрин

Се шушка и дека Цеца им „кумувала“, односно дека се зближиле за време на пробите додека Ражнатовиќ им била менторка.

Инстаграм

Миа и Дарко досега ги немаат ниту потврдено, ниту пак демантирано овие гласини, но со објавување на новиот спот во кој тие цело време страсно се гушкаат, многумина во коментарите им порачаа дека изгледаат како пар од холивудските филмови.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button