Прво матурска, а сега уште една причина за славење во раскошниот дом на Дарко и Маја Панчеви (фото)
Мама слави роденден, а еве како нејзината наследничка ги разнежни нивните заеднички фанови
Повторно беше весело во нејзиниот дом
Познатата пејачка Маја Гроздановска Панчева денес слави роденден, па на Инстаграм ги сподели најубавите честитки.
Имено, роденденските честитки на Маја и пристигаат од сите страни, а оние најубавите секако се од нејзините ќерки.
Па така Надица и честиташе со заедничка фотографија и една преубава мисла која што никого не остави рамнодушен.
Фејсбук/ Маја Гроздановска-Панчева
„Најсреќен роденден мамо. За светот можеби си една личност, но за мене ти си целиот свет. Те сакам многу“, напиша Надица.
Фото: Инстаграм
Потсетуваме, во домот на Маја и Дарко Панчеви и пред само неколку дена беше поприлично весело.
Фото: Инстаграм
Имено, нивната помала ќерка Марија беше матурантка, па гордата мама објави нејзина фотографија со следниот коментар:
„Среќна матура мајкина, да си ни жива и здрава“, напиша сопругата на Панчев, а под фотографијата доби голем број честитки, но и комплименти во кои сите и порачаа дека нејзината ќерка е вистинска убавица.
Фото: Инстаграм
Фотографија од својата сестра објави и Надица, постарата наследничка на Маја и легендарниот фудбалер Дарко Панчев.
Фото: Инстаграм
„Среќна матура, среќо дадина“, напиша Надица, а од овие фотографии можеме да видиме дека и двете личат на мама.