Семејна хармонија: Во домот на Тања Кочовска има причина за голема среќа – актерката ја откри убавата вест
Македонската актерка откри што значи хармонија и среќа во нејзиниот дом.
Тања соопшти убава вест, па веднаш почнаа да пристигаат честитки.
Тања Кочовска е една од најпопуларните македонски актерки.
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
Од 1994 година е вработена во Театар за деца и младинци-Скопје.
Ќерка е на поранешните членови на групата „Мањифико” Панче и Невена Кочовски.
Тања скоро 3 децении е во брак со актерот Предраг Павловски.
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
Тие се вистински пример дека љубовта може да трае и да се одржува и после долги години зедно, но и покрај тоа што со партнерот имате иста професија.
На нивните социјални мрежи ќе видите фотографии кои освен што ќе ве насмеат, ќе ви ја доловат атмосферата во нивниот дом, каде секогаш е динамично и весело.
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
Од првиот брак со актерот Владимир Ендровски Љац, Тања го има синот Александар, а плод на љубовта меѓу неа и Предраг е ќерката Нела.
Нела тргна по стапките на своите родители и таа е веќе актерка.
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
Во своите интервјуа Тања има истакнато дека тие дома фунционираат како најдобри пријатели и знаат сѐ едни за други.
Синот на Тања, Александар пред две години стана татко, па малиот Јоаим веќе е центар на внимание во семејството.
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
Предраг е особено приврзан со него и се однесува како вистински дедо.
На 20 мај Јоаким наполни 2 години, па актерката сподели фотографија од него и гордиот дедо, облечени во дресови Роналдо.