Оваа Македонка ги „шокираше“ сите во „Ѕвездите на Гранд“ – Карлеуша ја обожаваше, за ова и денес се зборува
Марија беше една од најекстравагантните дами што некогаш се појавиле на сцената во „Ѕвездите на Гранд“, многумина ја нарекуваа македонската Ким Кардашијан
Оваа атрактивна Македонка правеше хаос со секое свое појавување на сцената во популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Таа за време на натпреварот го доби епитетот македонската Ким Кардашијан, а некои нејзини настапи се уште се хит.
Кога и да се појавеше на грандиозната сцена ги оставаше сите без здив, а се уште се зборува и за нејзиниот настап со големата змија.
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Да, во прашање е битолчанката Марија Груевска која заради овој свој настап ја носи титулата најекстравагантна натпреварувачка во „Ѕвездите на Гранд“. За овие настапи се зборува и денес, посебно кога на сцената се појави како калуѓерка, а потоа ја соблече мантијата.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Сепак, најхрабриот настап беше кога на бината се појави со големата змија околу вратот со која ги шокираше и публиката и жирито.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Како што самата откри тогаш, концептите за нејзините настапи ги измислувал нејзиниот татко кој по професија е свештеник.
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Поприлично впечатлив беше и нејзиниот настап кога со лудачка кошула и во количка ја изнесоа на сцената.
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Тогаш таа на сцената беше донесена од група разголени момчиња, а меѓу нив беше и нејзиното момче Синиша Стојановски.
Марија по финалето во „Ѕвездите на Гранд“ се омажи со него, а се уште се зборува и за нивната откачена свадба која траеше цели 72 часа и на која беа речиси сите нејзини колеги од популарното шоу.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Марија и Синиша по некое време заминаа да живеат во Германија, а пејачката е поприлично активна на социјалните мрежи.
Како таа изгледа денес, погледнете во продолжение…