Претседателката на Македонија некогаш и сега – неколку фотографии и зборот што ги буди старите демони
Еве како нашата нова претседателка со само еден збор што не го ни кажа ги разбуди „страстите“ кај некои наши соседи
Неодамна на социјалните мрежи исплива една стара снимка на која нашата нова претседателка е многу помлада.
Но она што многумина го забележаа уште на прв поглед е дека професорката по уставно право која стана првата жена претседател на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, како воопшто да не се променила иако поминале децении.
Тоа впрочем може да се заклучи и од следната фотка, на која Силјаноска позира со уште една (на сите нам добро позната) Гордана.
Принтскрин
Станува збор за Гордана Јанкуловска која што ја објави оваа фотографија на својот Инстаграм и со која и ја честиташе победата.
Фото: Инстаграм
Имено, нашата нова претседателка беше активна во македонската политика многу пред да биде избрана за претседател.
Фото: Инстаграм
Професорката прв пат во светот на политиката влегува уште во првите години од осамостојувањето на Македонија.
Фото: Инстаграм
Таа тогаш во владата на Бранко Црвеновски беше министерка без ресор и на оваа функција ќе остане до 1994 година.
Фото: Инстаграм
Таа се кандидираше и на претходните претстедателски избори, кога беше избран Стево Пендаровски.
Фото: Фејсбук
Но за разлика од тогаш, Гордана овој пат победи со неверојатно голема разлика, а внимание привлече уште првиот ден.
Имено, таа на свечената инаугурација го изостави наметнатото „Северна“ кога ја спомна Македонија и со тоа веднаш ги разбуди злите духови кои од „памтивек“ го демнат небото над Балканот.
Фото: Фејсбук
За овој нејзин потег пишуваа бројни медиуми, а во коментарите на овие текстови од соседството претседателката доби бројни пофалби од следбениците на социјалните мрежи.
Некои од нив погледнете во продолжение…