Погледнете каква убавица е внуката на Блага Петреска – на својата матура изгледаше како принцеза
Наследничката на македонската фолк-дива изгледаше како принцеза на својата матура.
Гордата баба се пофли на Фејсбук со својата внука – убавица.
Блага Петреска не е многу активна на социјалните мрежи, но кога има добра причина знае да се огласи на Фејсбук.
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска
Таа е една од ретките пејачи кои со својата појава, глас и песна ја грее душата и ги буди најдлабоките емоции кај публиката.
Важи за исклучително храбра и борбена жена, жена која сама успеала своите деца да ги изведе на добар пат, за денес тие да станат успешни во своите професии.
ФОТО: Принтскрин
На почетокот на нејзината кариера го запознала својот сопруг, Павел Контраденко – Павка, по потекло Украинец, по професија архитект.
Во 1973 својата љубов ја крунисале со брак, а круна на љубовта им се двете деца, синот Олег и ќерката Оља.
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска
Во брак биле 10 години, додека cмp-ттa не ги разделила, а Блага никогаш повторно не се омажила.
Нејзините деца денес се возрасни и успешни во воите професии, остварени и на приватен план, а Блага обожава да го минува времето со нив и внуците.
Една од нејзините внуки, ќерката на нејзиниот син Олег, прослави матура, па Блага се пофали на Фејсбук.
ФОТО: Фејсбук / Блага Петреска
Летиција изгледаше како принцеза во матурскиот фустн.
„Една од моите принцези Летициа – Лети која слави матура и јас и посакувам секогаш да лета низ животот и никогаш да не падне, Бог да те води и благослови“, напиша Блага во опис на фотографиите.