Убавина која остава без здив – единствената ќерка на Есма направи голема промена на изгледот
Ќерката на кралицата на ромската музика изгледа како холивудска ѕвезда.
Елеоноа работи со полна пареа и ја продолжува мисијата на својата мајка.
Кралицата на ромската музика, нашата Есма Реџепова долги години не е повеќе меѓу нас, но сеќавањата на неа не избледуваат.
ФОТО: Фејсбук
Таа беше амбасадор на Македонија каде и да одеше, а настапуваше низ целиот свет.
Уште како девојче сонувала да биде пејачка. Сонот ѝ се остварил, а подоцна била крунисана за кралица на ромската музика, позната и ценета во целиот свет.
ФОТО: Фејсбук
Есма Реџепова имаше посвоено 47 синови и само една ќерка, а нејзината наследничка тргна по стапките на својата мајка.
Реџепова планирала да посвојува само машки деца, но 5 години пред згаснувањето на нејзиниот живот одлучи да ја посвои Елеонора. Есма беше воодушевена од Елеонора и за неа имаше само пофални зборови.
ФОТО: Фејсбук
Денес Елеонора се труди да ја продолжи мисијата на својата мајка, светот да чуе за ромската музика и традиција.
Работи заедно со Симеон Атанасов, еден од синовите на Есма, со кој настапуваат низ целиот свет пеејќи ги песните на Есма.
ФОТО: Фејсбук / Симеон Атанасов
Елеонора е среќно мажена во Брисел, каде живее и работи нејзиниот сопруг.
Заедно тие двајца отворија и спомен соба во Брисел, во чест на Есма.
Додека настапуваше со својата мајка беше русокоса, а денес е црнка која воодушевува со својата убавина.