Реклама
Новости

Иако не е меѓу живите, Маринко го знаат сите, но ќе се изненадите и од неговата жена и мајка на Никола

Ова е мајката на пејачот што тргна пешки до Егина

Реклама

За убавината на оваа жена многумина зборуваат

Легендарниот пејач Маринко Роквиќ зад себе остави бројни хитови, но и два сина кои го продолжија неговиот пат.

И додека Никола и Марко Роквиќ ги знаат сите, посебно откако Никола реши да го направи подвигот со одењето пешки од Белград до манастирот на Свети Нектарие во Егина со цел да собере пари за детската онкологија, нивната мајка која повеќе децении беше во брак со покојниот пејач многу поретко се појавува во медиумите.

Маркетинг

Но Славица Роквиќ е активна на својот Инстаграм профил каде секоја нејзина објава е проследена со убави и позитивни коментари.

Маркетинг
Инстаграм

Таа често добива комплименти и на сметка на својата убавина, а со познатиот пејач беше до самиот негов крај.

Инстаграм

Славица по смртта на Маринко им се посвети на децата и внуците, но и на природните производи со кои се занимава.

Инстаграм

Таа се уште е една атрактивна русокоса дама која привлекува внимание каде и да се појави, а овие денови посебно беше во центарот на вниманието кога заедно со останатите членови на семејството беше да го изненади својот син Никола кога го пречекаа во Штип каде ги поминаа велигденските празници.

Инстаграм

Никола тогаш на својот профил на социјалните мрежи каде секојдневно известува за сето она што му се случува на патот кон манастирот Свети Нектарие Егински, сподели една заедничка фотографија и ги воодушеви сите. Тие стојат во дворот на црквата Св. Архангел Михаил во Штип, а сите коментираа дека мајката на Никола е вистинска убавица.

Инстаграм

Имено, мајката на Никола е дама која со својата широка насмевка привлекува внимание каде и да се појави и која на својот покоен сопруг често знае да му посвети емотивни зборови на Инстаграм, но и да закачи некоја нивна заедничка фотографија.

Инстаграм

Па така Славица во една пригода, ќе напише:

„Се додека ме служи паметта, лесно е да се зачува сеќавањето. А заборавот? Заборавот е тежок, просто невозможен бидејќи непрестајно течеш низ моите вени. Недостасување…“ напиша Славица во коментарот на една од последните заеднички фотографии со Маринко што ги има објавено.

Инстаграм

Потсетуваме, синот на Славица и Маринко, Никола Роквиќ, на 22 април тргна пешки од  Белград кон Егина и во текот на овој свој подвиг собира пари за детската клиника. Тој моментално се наоѓа во Грција, откако ја помина цела Србија и Македонија, a во неговото последно јавување откри колку пари собрал досега.

Инстаграм

„Пристигнавме до 20 милиони денари, но одиме понатаму до победа! Овој пат за детската радост“, изјави тој во видеото.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button