Реклама
Новости

Христос воскресе, драги луѓе – еве колку пари собра популарниот пејач на патот кон Свети Нектарие

Никола Роквиќ тргна пешки од Белград до Егина и по пат собира пари за децата болни од рак:

Реклама

Пејачот Никола Роквиќ на 22 април тргна пешки од Белград до Егина со цел да собере пари за детската онкологија.

Тој ја помина пешки цела Србија, а потоа и Македонија каде што ги помина Велигденските празници со семејството.

По празникот тој го продолжи својот пат и сега веќе е во Грција од каде редовно се огласува и споделува детали од овој негов подвиг.

Маркетинг

Инстаграм/ Никола Роквиќ

Негова крајна цел е манастирот Свети Нектарие Егински во Егина, а со помош на фондацијата „Семејство“ што ја основаше со својата сопруга во текот на ова поклонение собира средства за лечење на најмладите пациенти болни од рак, односно за купување нови апарати за рана дијагностика на  детската онкологија.

Маркетинг

„Драги луѓе, еве влегов во Грција преку преминот во Дојран, покрај езерото и сега ги минувам овие преубави предели во Грција. Преубава природа. Да сте ми живи и здрави и од Господ благословени. Да ве известам дека стигнавме до 19 милиони. Бог да ве благослови, одиме понатаму. Овој пат за детска радост“, откри Никола на Инстаграм неколку часа откако ја напушти Македонија.

Инстаграм/ Никола Роквиќ

Пејачот покажа како изгледа полјаната со цвеќиња низ која минува, но и малата црквичка пред која се најде сосем случајно.

Инстаграм/ Никола Роквиќ

Потоа, следниот ден, следуваше уште едно видео:

„Христос воскресе драги луѓе, денес тежок ден, некоја голема влажност“, изјави тој и сподели дека се собрани 20 милиони.

Инстаграм/ Никола Роквиќ

Претходно тој објави и едно видео на Инстаграм и покажа со какви се искушенија се сретнува во ова свое ходочастие.

Инстаграм/ Никола Роквиќ

Имено, тој на патот по кој се движеше наиде на змиска кожна обвивка, што значи дека во тој предел има змии, од кои некоја очигледно се „пресоблекла“ и ја отфрлила својата стара кожа.

Инстаграм/ Никола Роквиќ

„Денес имаше и искушенија, налетав на ова, а потоа едно седум километри висока трева. Но фала му на Господ, сé помина добро“ напиша пејачот на својот Инстаграм.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button