Нашата Барби конечно откри со кого се гали после свирка – пејачката се топи во креветот, го заслужи тоа
По напорниот ден, време е за одмор
Нашата Барби конечно покажа и со кого се гушка и гали откако ќе се врати дома по напорната вечер
Пејачката Сања Цинцева, попозната како Сања Барби, е поприлично активна на социјалните мрежи.
Ова убава млада дама речиси секојдневно знае да ги израдува своите следбеници на Инстаграм со нови објави.
И откако пред неколку дена ги воодушеви сите со црниот кус фустан што го носеше во комбинација со бели патики, Барби овој пат повторно покажа феноменално пролетно издание.
Инстаграм/ Сања Цинцева
Имено, пејачката сподели неколку снимки од нејзиниот настап во еден ресторан покажувајќи како ги забавува гостите.
Инстаграм/ Сања Цинцева
Но покрај добрата песна, Барби никого не остави рамнодушен и со своето модно издание со кое што настапи оваа вечер.
И за разлика од претходниот пат кога во центарот на вниманието беше нејзиното раскошно деколте и фустанот-сако што го носеше, нашата Барби овој пат ги истакна убавите нозе во преден план.
Инстаграм/ Сања Цинцева
Таа за ова пригода избра кусо здолниште од џинс преку кое носеше „оверсајз“ бело сако, а одоздола тесна бела блуска.
Пејачката целото издание го зачини со елегантни бели сандали и металик чанта, а како изгледаше, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Сања Цинцева
Барби со ова свое издание максимално го истакна своето занесно тело, па гостите беа воодушевени како од нејзиниот настап, така и од стајлингот за што зборува и бројот на лајкови што го добива под секоја своја објава на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Сања Цинцева
На крајот од вечерта, Барби објави и едно виде со кое покажа со кого се гушка и гали кога ќе се врати од свирка дома.