Реклама
Новости

Еве зошто Марија Шерифовиќ многу повеќе е со мајката Верица, отколку со својот болен татко (фото)

Иако се грижи за неговото здравје и ги плаќа трошоците, Марија нема многу време за него

Реклама

И покрај недоразбирањето што тој ги има со нејзината мајка, Марија Шерифовиќ сепак не го заборавила својот татко.

Пејачката отсекогаш покажувала дека се грижи за него, а откако неговото здравје се влошило, таа реши да го стави во дом за стари лица.

Имено, на нејзиниот татко, харминикашот Рајко Шерифовиќ, откако му се влоши здравјето и му беше ампутиран прстот на ногата, Марија решила да го смести во дом за стари лица. Таа тоа го направи бидејќи не беше во можност секојдневно да се грижи за него.

Маркетинг

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

На овој начин тој ја доби сета потребна нега, а кога неговата ќерка со помош на сурогат мајка доби син, тој се огласи за „Блиц“.

Маркетинг

Имено, овој медиум тогаш пренесе дека Рајко е пресреќен што станал дедо и дека се радува што имаат принова во семејството.

Принтскрин/ Јутјуб

Но како што пренесуваат медиумите, на Рајко единствено му е жал што Марија и неговиот внук многу повеќе време поминуваат со мајката на Марија, односно со неговата поранешна сопруга Верица Шерифовиќ со која што тој не е во добри односи, отколку со него.

Принтскрин/ Јутјуб

Наводно тој често изразувал желба да ги види, но истовремено разбира и дека таа е презафатена со нејзините обврски.

Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Потсетуваме, Рајко и Верица беа во брак од 1982 година, па се до 2003 година кога решија да стават точка на нивниот брак.

Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Како што пишуваа тогаш медиумите, наводно Верица го исфрлила од куќата во која што живееле во Крагуевац.

Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Во тоа време таткото на Марија беше огорчен не само на неговата поранешна сопруга, туку и на неговата ќерка, па се случуваше лошо да зборува и за неа во медиумите.

Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Но на крај работите се сменија. Марија го покани да поразговараат и да ги решат несогласувањата помеѓу нив.

Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Потоа Марија му помогна кога тој беше во лоша здравствена состојба, а наводно Марија ги платила и сите трошоци околу лекувањето.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button