Емотивните моменти на Никола Роквиќ од Македонија – сопругата го пречека, ова им е најубавиот Велигден
Еве како пејачот го прослави Велигден со семејството
Прекрасни моменти од Македонија
Пејачот Никола Роквиќ на 22 април започна хумана мисија кога пешки тргна кон островот Егина во Грција за да се поклони во Манастирот на Свети Нектарие Егински, и тоа со посебна цел.
Имено, Никола заедно со сопругата Бојана основаа фондација „Семејство“ чија цел е да соберат пари за реновирање на дел од детска онкологија, како и за апаратите за рана дијагностика на рак на мозокот кај најмладите пациенти.
Тој веќе неуморно пешачи и трча кон својата цел, а Велигден го помина во Македонија заедно со семејството.
Фото: Инстаграм/ Никола Роквиќ
Тие се собраа во црквата на Свети Архангел Михаил во Штип, а по краткиот одмор и средбата со семејството Никола го продолжи патот.
Фото: Инстаграм/ Никола Роквиќ
Потсетуваме, Никола последните неколку години и е посветен на верата, а неодамна за медиумите откри како се случило тоа.
„Јас сум, да кажам така, подлабоко во верата веќе некои седум години, но има моменти кога ќе почувствуваш дека си поотворен за божјата присутност. Тоа обично се тешки моменти. Секако дека заминувањето на татко ми дополнително ја зацврсти мојата вера бидејќи и тука многу работи дознав, преку неговото заминување. Првенствено преку раѓањето на моите деца, па низ неговото заминување. Слична љубов се чувствува и во раѓањето и во смртта. Интензитетот на љубовта кон децата и кон родителите е ист во овие моменти. Во овие моменти уште повеќе му се приближив на Господ и ме радува што гледам дека се поголем број на млади се врти кон вистинските вредности, духовност и нашата традиција и суштински на христијанскиот живот“.