Реклама
Новости

Никола Роквиќ објави порака: НЕМА ПОТРЕБА ЗА ЗАГРИЖЕНОСТ, БОГ СИТЕ ДА ВЕ БЛАГОСЛОВИ!

Еве со каков проблем се соочи пејачот на својот пат

Реклама

Пејачот Никола Роквиќ веќе десетина дена патува пешки кон Атина во Грција, а неговата крајна цел е манастирот на Свети Нектариј Егински каде планира да се поклони и да го заврши своето ходочастие.

Тој повремено се огласува преку социјалните мрежи и открива детали од своето патување, но зборува и за тоа колку пари успеал досега собрал во желбата да им помогне на сите деца на кои помошта им е најпотребна.

Никола во своето последно огласување откри колку пари собрал досега и ги воодушеви бројните следбеници од регионот.

Маркетинг

„Голем поздрав до драгиот народ. Уште еднаш ве повикувам да ја поддржите мисијата ‘Овој пат за детската радост’ и ве известувам дека сме ја поминале цифрата од шест милиони денари.“

Маркетинг

„Само да сме живи и здрави. Бог да ве благослови, одиме понатаму“, зборуваше Никола во своето последно видео.

Потсетуваме, Никола со овој подвиг сака да собере средства за купување на апарати за дијагностицирање на канцер на мозокот кај децата, како и за реновирање на детската онкологија.

Роквиќ заедно со сопругата Бојана основаше „Фондација породица“ која со својата хуманост и донирање на пари ќе им помогне на сите на кои помошта им е неопходна.

Негова цел е да помина 1060 километри без превозни средства, а по денот трча и оди околу 30 километри.

Тој деновиве имаше и повреда со која ги загрижи фановите.

Имено, пејачот на својот профил на Инстаграм покажа дека на стапалата има плуски, но не се откажува од својата цел.

„Сé е под контрола“, напиша Роквиќ под една од своите претходни објави давајќи им на сите до знаење дека нема потреба за загриженост.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button